Изгледот на вашиот палец открива какви сте во љубовната врска
Методот за читање на личноста од нечија дланка се покажал како доста прецизен, односно со него можете да откриете какви се луѓето околу вас. Можеби ви звучи чудно да погледнете во нечии раце и да дознаете каква е таа личност. Во овој случај станува збор за тоа палецот, бидејќи токму тој открива каква е некоја личност во љубовната врска – дали е романтична која го става партнерот на прво место или пак, е малку дистанцирана и воздржана.
Палецот може да изгледа на три начини, зависно од должината на првата (горна) и втората (долна) половина:
Првата половина на палецот е подолга од втората
Вие сте верни и исклучително страсни. Кога ќе се заљубите, знаете да бидете по малку опседнати со таа личност. Тогаш воопшто не е чудно да го занемарите досегашниот живот, на пример, кариерата. Вие едноставно полудувате за вашиот партнер и многу се растажувате доколку тој не ви одговори на вашиот повик или порака. Би било добро малку да се смирите, бидејќи со вашето однесување можете да го исплашите партнерот и да го избркате од себе.
Првиот и вториот дел на палецот се еднакви
За вас може да се каже дека сте добри во планирањето и имате специфичен пристап кој ви го олеснува патот кон постигнувањето на целите. Без разлика каква е ситуацијата, вие знаете да останете смирени и со ладна глава. Такви сте и во љубовната врска. Објективни сте во пресудувањето на чувствата на партнерот. Вие никогаш нема да ја изгубите главата поради емоциите и да го занемарите вашиот живот. Тој ваш карактер предизвикува побавно да напредувате во љубовната врска што на крај може да доведе до посложен однос.
Првата половина е пократка од другата
Вие сте искрена и лојална личност, имате многу добра моќ на забележување. Пред да преземете каква било акција, вие најпрво сѐ добро ќе разгледате и ќе размислите за сето тоа. Тоа, секако, се одразува и на вашиот љубовен живот. Кога ќе се заљубите, обично ги воздржувате вашите чувства.
Откако ќе го направивте овој тест, време е да ја стиснете дланката во тупаница и да дознаете интересни податоци за вашиот карактер.
Ова со палецов на вистинае добра интересна содржина мисе допага истата поздрав и продолжете со успешната работа