Изгледа чоколадото е многу подобро за мозокот отколку што досега се верувало

Изгледа чоколадото е многу подобро за мозокот отколку што досега се верувало

Чоколадото можеби е најдобрата храна за утеха, но дали истовремено е и најдобрата храна за мозокот? Според една неодамнешна студија, да. Чоколадото е добро за вашиот мозок бидејќи тоа може да ја подобри неговата функција со годините дури повеќе и од аеробик вежби.

Изгледа чоколадото е многу подобро за мозокот отколку што досега се верувало

Но, вие би требало да изедете многу големо количество за да ги почувствувате овие придобивки. На дневно ниво би требало да внесувате по еден килограм нерафинирано какао во прав или пак, ако преферирате тврдо чоколадо, тогаш би требало да јадете околу 20 килограми чоколадо секојдневно. Тоа е премногу шеќер.

За оваа студија која била објавена во журналот „Nature Neuroscience“, една група научници им давале дневна доза флаваноли кои биле извлечени од какаото во прав на неколку здрави испитаници на возраст помеѓу 50 и 69 години. Половина од нив добивале мала доза, додека пак, другата половина во текот од 3 месеци добивале многу голема доза.

Како што се очекувало, оние кои добивале висока доза од оваа состојка во какаото изјавиле дека имаат зголемено функционирање на меморијата за разлика од оние кои добивале помали дози. Но, она што е навистина интересно е фактот што вежбањето не им направило никакво позитивно влијание, што е целосно спротивно од резултатите од сите останати истражувања на оваа тема.

Во секој случај, вие можете слободно да ја користите оваа студија како изговор (доколку ви е потребен) за да уживате во вашето омилено чоколадо.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар