Изборот на кучето го открива карактерот на луѓето

Изборот на кучето го открива карактерот на луѓето

Откако ќе го прочитате овој текст, нема повеќе ноншалантно да шетате низ парковите во кои луѓето ги носат своите кучиња на прошетка. Не само што кучињата физички личат на своите сопственици, туку изборот на кучешката раса зборува и за тоа каков карактер има нивниот газда и како се однесува во љубовта и сексот.

Изборот на кучето го открива карактерот на луѓето

Чивава шетаат личности кои не сакаат да се врзуваат и преферираат секс за една вечер, покажало едно истражување кое опфатило 1.000 корисници на апликацијата Kloof, на возраст 18-33 години.

Пудлици сакаат да имаат дамите кои се „жешки“ и кои имаат немирен дух. Овие жени имаат високи стандарди за сѐ, па дури и за сексот, што значи дека од партнерот очекуваат максимум во креветот, но и ќе му ги остварат сите негови сексуални потреби.

Изборот на кучето го открива карактерот на луѓето

Сопственичките на златен ретривер се помирни и асоцираат на фамилијарни жени кои сакаат да родат повеќе деца. Меѓутоа, учесниците во анкетата рекле дека жените кои имаат златен ретривер ги доживуваат и како „спонзоруши“ или барем како личности на кои им е многу важно партнерот добро да заработува.

Кучињата од расата бигл (ниски ловци со три бои) ги шетаат темпераментните жени, кои и самите поседуваат „ловечки вештини“. Тие се водат според инстинктот, кој ретко ги изневерува.

Изборот на кучето го открива карактерот на луѓето

Лабрадори сакаат жените кои цврсто газат на земјата. Мажите сметаат дека можат да се потпрат на овие типови жени.

Жените пак сметаат дека се најатрактивни оние мажи кои имаат лабрадор или дога. Тие велат дека лабрадори и доги шетаат татковците, односно мажите кои сакаат куќа полна со деца.

Германски овчар имаат оние кои се „јаки на дело“ а истото може да се каже и за сопствениците на сибирска хаска, кои на дамите им изгледаат како вистински јунаци. Мажите кои шетаат пастир, се грижат за својата жена, сметаат поголем број од учесниците во анкетата.

Нежни и внимателни се сопствениците на златен ретривер. Тие се мажи на кои можете да им верувате, бидејќи тие немаат непостојан карактер.

Изборот на кучето го открива карактерот на луѓето

За сопствениците на француски булдог, дамите рекле дека се „слатки додека се мрзливи“, но од нив очекуваат одеднаш да започнат да „р’жат и завиваат“ директно на уво. Тие се „неверодостојни намќори кои бараат секс за една вечер“ е еден од коментарите, а неколку учесници во анкетата рекле дека сопствениците на булдози се мрзливи и не сакаат да се трудат околу својата партнерка.

Сибирската хаска е родена за живот во екстремни услови, што значи дека и неговиот сопственик е спремен на сѐ. Тој не е разгален и е тука секогаш кога ѝ е потребна помош на неговата понежна половина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    А оние кои шетаат нерасно куче се хумани : )

Остави коментар