Изберете снегулка и откријте каква лоша карма ве следи од минатиот живот

Изберете снегулка и откријте каква лоша карма ве следи од минатиот живот

Дали некогаш сте почувствувале дека во вашата личност постојат одредени ексцентричности кои и понатаму се тука без разлика колку се обидувате да се изборите со нив? Сосема е можно постојано да се обидувате да се најдете на половина пат со кармата од минатиот живот. Сепак, не е сѐ изгубено! Погледнете ја сликата со снегулките подолу и една од нив ќе ви открие најмногу. Кога ќе сфатите која е вашата снегулка, прочитајте која несреќна карма ја влечете од минатиот живот и што можете да направите за да ја поправите.

1-izberete-snegulka-i-otkrijte-koja-nesrekja-ve-sledi-od-minatiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Откажување од нездравиот љубовен однос и продолжување понатаму

2-izberete-snegulka-i-otkrijte-koja-nesrekja-ve-sledi-od-minatiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

Во минатиот живот најчесто сте биле изолирани и сами, чувствувајќи се напуштено од другите. Затоа ги цените вашите врски и ќе направите сѐ што е потребно за да не се распаднат. Понекогаш ја гледате само позитивната страна и можностите на таа личност и тешко ви е да прифатите дека вашите идеали не се реални кога врската ќе започне да се распаѓа или за жал, ќе стане токсична. Кога ќе се случи ова, вие ќе се борите за вашата врска подолго отколку што е здраво.

Ова е резултат на вашата анксиозност и страв да бидете сами или да немате почит од другите. Учењето како да ги препознаете знаците на предупредување ќе ве заштитат од повредување, кршење на срцето и разочарување. Овој предизвик можете да го имате во сите ваши односи, без разлика дали се семејни, пријателски, работни или љубовни.

2. Сомневање во себе, саботирање на самите себе и сопствените цели

3-izberete-snegulka-i-otkrijte-koja-nesrekja-ve-sledi-od-minatiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

Во минатиот живот сте имале премногу верба во себе, но лошо промислените одлуки често ви давале негативни резултати. Таквите одлуки ве ставале вас и другите во финансиски и физички опасности. Заради овие грешки, сте започнале да се сомневате во себе во минатиот живот, а таа сенка на сомневање и денес е со вас.

Постојат повеќе начини да го решите овој проблем, како што е на пример да не брзате со донесувањето одлуки, како и да бидете горди на себе заради сите мудри и успешни дела кои сте ги направиле во последно време. Уште една работа: Не барајте премногу мислења и совети од другите луѓе. Без разлика колку се добронамерни, само повеќе ќе ве загрижат.

3. Проблем со верување на другите луѓе

4-izberete-snegulka-i-otkrijte-koja-nesrekja-ve-sledi-od-minatiot-zhivot-www.kafepauza.mk_

Во минатиот живот сте биле жртва на лукавост и изневерување, па затоа денес сте секогаш внимателни. Понекогаш не сте сигурни кому да верувате, па можеби ја давате вашата доверба на оние кои на крај ќе ве издадат. Во овој живот, луѓето секогаш ќе ја тестираат вашата вера и доверба во нив.

Клучот е да обрнете внимание на вашиот инстинкт и да им ја дадете вашата доверба на луѓето откако тие ќе ви ја отворат душата. Знаците се секогаш тука, само треба внимателно да гледате. На крај, не брзајте со отворањето на себе пред другите луѓе додека ги градите односите. После неколку месеци ќе имате увид во нивниот интегритет и ќе можете да се одлучите дали се вредни да бидат во вашиот круг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар