Изберете прегратка и дознајте за каква љубов копнее вашата душа

Изберете прегратка и дознајте за каква љубов копнее вашата душа

Прегратката е интимен чин помеѓу човечките суштества. Тоа е над сѐ чин на љубов и нежност, а нејзиното значење зависи од општественото и социјалното опкружувања во кое се случува. Постојат култури кои се отворени кон телесниот контакт и ја користат прегратката како поздрав. Во други делови во светот пак тоа е стриктно чин кој го практикуваат паровите и за неа е потребна многу добра причина и голема блискост. Без разлика на околностите, постојат неколку варијанти на прегратки кои зависат од карактеристиките на самата личност. Изберете ја вашата омилена прегратка во тестот кој го подготвивме, а потоа прочитајте што велат психолозите за неа.

1-izberete-pregratka-i-doznajte-za-kakva-ljubov-kopnee-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

1. Пријателство

Ако вашата омилена прегратка е првата, вие сте личност која не се заљубува во почетокот од врската. Вие сакате најпрво да се поврзете со другата личност, а во случај да не успеете, секогаш можете да се откажете. Дури и ако некој многу ви се допаѓа, нема да ги покажете чувства додека вашата врска не стане сериозна. Вие подобро чекате другата личност прва да ги искаже своите емоции и потоа оставате работите да се развиваат. Иако ова изгледа како рационално однесување, преголемата внимателност може да биде погубна за врската. Опуштете се, многу врски започнуваат со пријателство. Но имајте на ум дека ако останете пријатели премногу долго, можете да ја разочарате другата личност. Таа може да помисли дека нејзините чувства се одбиени и ризикувате да останете пријатели засекогаш.

2-izberete-pregratka-i-doznajte-za-kakva-ljubov-kopnee-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

2. Љубов на прв поглед

Другиот вид прегратка е многу романтичен и интимен. Таа е многу подоверлива од останатите. Вие сте склони кон заљубување на прв поглед и ќе дадете сѐ за љубовта. Оваа прегратка е вообичаена во романтичните филмови, па затоа може да се каже и дека вие сте романтична личност. Лесно го палите пламенот на љубовта, а сакате и да почувствувате топлина и страст од другата личност во текот на прегратката. Најважниот знак на интимност е цврстата и силна прегратка. Сепак, бидејќи сте личност која се заљубува на прв поглед, присуството на другата личност е најважно за да создадете подобра слика за неа. Пред да се препуштите на страста, обидете се подобро да ја запознаете таа личност. Концентрирањето само на изгледот може да направи работите да тргнат на лошо, односно проблем може да се создаде доколку нејзиниот карактер нема да се поклопува со сликата која сте ја создале.

3-izberete-pregratka-i-doznajte-za-kakva-ljubov-kopnee-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

3. Не верувате никому

Оваа прегратка покажува личност која го прегрнува партнерот одзади, ставајќи ги рацете околу неговите рамена или врат. Иако на прв поглед не изгледа така, покажува голема доверба во другата личност. Истовремено, тоа е знак дека вие сте личност која тешко се отвора и тешко им верува на другите луѓе. Кога станува збор за романсите, секогаш сте резервирани и внимателни, што може да ве обесхрабри. Сепак, ова однесување подоцна ќе ви се исплати. Дури и кога сте на прв состанок и имате добар впечаток за другата личност, нема лесно да го отворите вашето срце. Заради тоа можете да пропуштите многу шанси да запознаете драгоцени луѓе. Обидете се повеќе да се отворите доколку забележите дека другата личност е пристапна, доверлива и изгледа како да има добри намери. Еднаш кога врската ќе стане цврста, морате да се отворите и да оставите да излезе надвор сето она што сте го држеле во себе. Така ќе можете да понудите сѐ.

4-izberete-pregratka-i-doznajte-za-kakva-ljubov-kopnee-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

4. Имате специфичен вкус

Ова е можеби најинтимната прегратка, бидејќи партнерите се многу близу. Ова е многу цврста прегратка, помеѓу љубовниците кои долго време не се виделе и кои многу си недостигале еден на друг. Вашиот вкус е многу јасен кога се во прашање љубовните врски. Вие имате слика во својата глава и специфични особини, како што е на пример насмевката која сакате да ја видите кај вашиот иден партнер. Штом пронајдете некој кој ги исполнува вашите очекувања, ќе го поместите и небото и земјата за да го освоите неговото срце. Сепак, концентрирајте се на оние детали кои сте ги испланирале. Ќе има времиња кога можеби ќе ја предвидите пошироката слика, а таа нема да ви се допадне. Имате склоност да ви стане досадно, еднаш кога ќе ја освоите личноста, сакате набрзо да се префрлите на нов предизвик.

5-izberete-pregratka-i-doznajte-za-kakva-ljubov-kopnee-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар