Изберете каков кактус најмногу ви се допаѓа и дознајте каква порака тој ви носи

Изберете каков кактус најмногу ви се допаѓа и дознајте каква порака тој ви носи

Само изберете го кактусот кој најмногу ви допаѓа и дознајте ги пораките од него и исполнувањето на вашите желби.

Изберете каков кактус најмногу ви се допаѓа и дознајте каква порака тој ви носи

Кактус број 1:

Овој кактус е мало бебе, невино и ослободено од лоши мисли. Вашата душа е исто толку убава и чиста како таа на малите деца. Вие имате очи само за љубезноста, па затоа често сте разочарани од луѓето и нештата. Треба да го смените погледот на светот, бидејќи не е сè така розово како што си замислувате. Љубовта и среќата се насекаде околу нас, но не и во сите нас. Некои луѓе имаат толку темна душа што дури и темнината би им позавидела.

Вашата желба секако се однесува на најблиските, но време е да посветите малку повеќе внимание на себе и своите потреби наместо на другите луѓе. Но, не грижи се, вашата желба ќе биде исполнета затоа што вашата убава душа тоа го заслужува.

Кактус број 2:

Овој кактус има одредена специфичност. Исто како и вас самите. Сакате работи што не им се омилени на повеќето. Ве смируваат празните пространства и книгите, сакате да бидете тивки и во прегратки на оние што ги сакате.

Вашите желби се обични, но нив сигурно не би ги посакал секој човек.

Кактус број 3:

Она што ви е најважно е да сте покрај луѓето што ги сакате и да сте среќни. Кога би се појавил магичен дух, веројатно би посакале здравје и среќа само за луѓето што ги сакате.

Вие секогаш сте во втор план за себеси, а вашата несебичност е она што ве краси и ве одвојува од другите. Такви се и вашите желби.

Кактус број 4:

Љубов. Тоа е ваша прва и последна желба. Токму затоа сте одбрале да има срце над кактусот. Вие не верувате во духови, дури ни во исполнување на волшебни желби, но верувате во љубов, заради која во моментов страдате. Затоа и сте тука, затоа што чекате чудо – да сфатите за што копнеете и конечно да дојдат деновите исполнети со среќа.

Уште од моментот кога вашиот партнер влезе во вашиот живот, целиот свет престана да постои. Вие не гледате подалеку од него и длабоко во себе чувствувате дека нема да можете да бидете среќни, ако тој не биде покрај вас.

Кактус број 5:

Овој кактус изгледа прилично просечно, на него нема некои особености или украси. Всушност такви сте и вие самите. Една обична, просечна личност чии желби не се исполнети, па затоа треба да вложите малку труд за тие со сигурност да се исполнат.

Големи се шансите да сте си замислиле желба што се однесува на вашиот љубовен живот.

Ако сакате уште тестови тогаш размислетe кој триаголник ќе го изберете? Овој краток тест ќе ве изненади.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар