Изберете ја најубавата врата и дознајте како ќе заврши 2017-та година за вас

Изберете ја најубавата врата и дознајте како ќе заврши 2017-та година за вас

Бидејќи 2017-та година се приближува кон крајот, ние за вас подготвивме забавен психолошки тест. Пред вас е слика на која се наоѓаат 6 различни врати. Изберете која врата според вас изгледа најпривлечно и која најпрво би ја отвориле, а ние ќе ви откриеме како вашиот избор влијае на завршувањето на оваа година за вас. Епа ајде, изберете врата, па да започнеме.

2-izberete-ja-najubavata-vrata-i-doznajte-kako-kje-se-zavrshi-2017-ta-godina-za-vas-www.kafepauza.mk_

Врата број 1

Битките кои сте ги воделе остануваат зад вас додека вие влегувате во новата година полна со можности и возбудувања. Ќе бидете концентрирани на решавањето на проблемите кои сте ги имале и ќе пронајдете најдобро решение за секоја ситуација. Ќе ја започнете новата година чувствувајќи се блажено и страсно. Ќе ги расчистите сите дилеми кои сте ги имале во минатата година и ќе се фокусирате на работите кои 2018-та година ги подготвила за вас.

Врата број 2

Вашата нова година ќе започне со промена кон подобро. Сите ваши несигурности и стравови ќе бидат тргнати на страна додека се подготвувате за промените кои очекувате да ги видите кај себе. Само ќе се свртите и ќе се насмевнете на годината која останува зад вас и со отворени раце ќе го пречекате она што допрва треба да се случи. За вас 2018-та година е ветена година, полна со задоволство, љубов и ентузијазам.

Врата број 3

Ќе гледате на 2017-та година со задоволство. Ќе се ослободите од напнатоста и тензијата во кои животот ве ставил, и ќе бидете подготвени секој ден од 2018-та година да го дочекате полни со доверба и љубов. Влегувате во новата година со надеж која сте ја немале досега. Зрачите со самодоверба и прибраност. Ќе бидете храбри и отворени како никогаш претходно.

Врата број 4

Годината која е пред вас е полна со победи, задоволство и љубов. Ќе му кажете збогум на вашиот минатогодишен песимизам и ќе ги поздравите оптимистичните промени и одлуки кои ве очекуваат. Ќе покажете самодоверба во секоја борба. Ќе ја завршите годината чувствувајќи се подобро од кога било порано. Ќе верувате во вашите инстинкти и ќе бидете истрајни во решавањето на кој било моментален проблем. Ќе ги гледате само добрите работи во себе и во другите.

Врата број 5

Ќе ја запомните 2017 со насмевка знаејќи дека ве чекаат подобри работи во 2018 година. Наредната година ви носи нови пријателства и задоволство во сите сфери на животот. Наредната година е исполнета со промени кои ќе влијаат да се развиете и да сјаете. Ќе ја завршите оваа година знаејќи дека ве очекува многу повеќе среќа отколку што некогаш сте можеле да замислите. Ќе се ослободите од болното минато и ќе влезете во новата година исполнети со хармонија и мир.

Врата број 6

Ќе ја завршите 2017-та година на врвот! А, 2018-та година ќе ви биде полна со љубов и посветеност помеѓу вас и вашите ближни. Без разлика колку моментално сте задоволни во животот, 2018-та година ќе ви донесе повеќе радост и достигнувања отколку што сте можеле да замислите. Благословени сте, бидејќи животот ви подготвува прекрасни работи.

А сега, го намалуваме бројот на вратите и ви предлагаме да изберете врата кој води кон среќата и дознајте што ви подготвила судбината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар