Изберете го симболот што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата судбинска порака

Изберете го симболот што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата судбинска порака

Погледнете ја добро оваа слика и изберете го симболот што најмногу ве привлекува, а притоа е важно да го послушате својот прв инстинкт. Откако ќе го направите ова, според бројот на симболот што сте го избрале, во продолжение погледнете ја вашата порака.

Изберете го симболот што најмногу ве привлекува и откријте ја вашата судбинска порака

Ако го одбравте симболот со број 1:

Време е само да се опуштите и да му верувате на универзумот. Наместо да се обидувате да се борите против она што ви се случува, едноставно повлечете се еден чекор назад и дозволете си да се движите со ритамот и текот на животот. Мора да престанете да се обидувате на сила да ги направите работите на својот замислен начин и да го прифатите сегашниот момент и она што се случува. Вашиот следен чекор ќе ви биде откриен кога ќе се смирите и ќе се фокусирате на своите вистински намери. За да избегнете донесување какви било избрзани одлуки, медитирајте и дозволете да ве води мирот.

Ако го одбравте симболот со број 2:

Границите не се лоша работа ако се поставени свесно и со одредена намера. Време е и вие да поставите свои граници! Кога јасно ќе го направите тоа, животот ќе ви го добие обликот и насоките кои ви се потребни за да се фокусирате на сегашниот момент. Мора да се фокусирате на преземање одговорност за работи кои не се одвиваат според планот и да престанете да го губите своето време и енергија на луѓе и ситуации кои не им се во корист на вашите цели. Потребно е да погледнете што имате околу себе. Иако звучи застрашувачки, тоа засега ќе биде вашиот најголем сојузник. Исто така ова е идеално време и за расчистување на куќата и ослободување од нередот.

Ако го одбравте симболот со број 3:

Вие сте на вистинскиот пат! Иако работите не може секогаш да бидат јасни, оваа порака ви зборува дека сѐ ќе биде во ред. Вие веќе го следите својот најдобриот пат и иако можеби имате многу прашања, универзумот ви дава до знаење дека сте водени и згрижени. Верувајте дека сѐ ќе биде совршено и во хармонија. Нема потреба да се грижите за иднината или минатото, туку едноставно останете присутни во секој момент и гледајте како се развива магијата на вашиот живот. Ако морате да донесете голема одлука и се двоумите, одговорот ќе ви биде доставен преку пораки.

Ако го одбравте симболот со број 4:

Време е да се ослободите од минатото, затоа што премногу сте заглавени во она што поминало и не го забележувате она што се случува сега. И покрај тоа што е важно да тагувате и да си го дадете потребното време за заздравување, нема никаква корист од постојаното повторување на истите стари приказни. Оставете го минатото таму каде што е и радувајте се во сегашниот момент. Посветете се на сегашноста и направете го тоа што го можете. Ако сакате да ја промените иднината, единствен начин на кој тоа може да го направите е да ја промените свеста во сегашниот момент. За да се ослободите од минатото, обидете се сѐ да запишете на лист хартија или да му се доверите на некој близок пријател, дајте си последна шанса повторно да ги доживеете старите емоции, а потоа пуштете ги да си заминат. Сѐ додека не го направите ова, нема да бидете во можност да продолжите понатаму.

Ако го одбравте симболот со број 5:

Работите се одвиваат брзо и време е да поставите нови цели и намери. Животот минува со голема брзина и се чини дека работите конечно добиваат сила, па сега е идеално време за поставување некои нови цели за нов дел од вашиот живот. Почнете така што ќе се насочите кон она за што копнее вашето срце. Запишете ги работите кои ве прават среќни и потоа предајте им се. Иако резултатите не можат да бидат веднаш видливи, гледајте на своите мисли како на бумеранг, праќајќи ги директно нагоре кон небото. Додека чекате да ви се вратат, продолжете со позитивните мисли и намери. Пораката од универзумот е јасна – поставете ги сега своите намери и ќе ви биде доставено она што го сакате!

Ако го одбравте симболот со број 6:

Премногу сте фокусирани на надворешноста, а не гледате што се случува внатре. Длабоко во вашето срце лежи одговорот на сите ваши прашања, но сѐ додека не го смирите вашиот ум, како би можеле да ги слушнете? Главата ви е полна со неред и вашиот ум е збунет, затоа, разбистрете ги мислите за момент и погледнете внатре. Медитирајте, одете на прошетка, смирете го својот ум. Духот бара од вас да ги побарате одговорите внатре, наместо да чекате на надворешни знаци. Време е да се усогласите со универзумот, а единствен начин на кој тоа можете да го направите е да се насочите кон внатрешноста. Следете ги вашите мисли, но обидете се да не ги осудувате, вратете се на своето јадро и бидете свесни за вашето его.

Ако го одбравте симболот со број 7:

Сте работеле напорно, а сега е време за игра, одмор и релаксирање! Одвојте малку време во денот за себе, уживајте и повторно разбудете го детето во вас. Направете нешто спонтано, планирајте авантура или патување во странство. Имате толку многу да научите. Не чувствувајте вина! Наградете го своето тело со здрава органска храна, својот ум со забавни стимулации и своето срце со радосно дружење со вашите пријатели и семејството. Не заборавајте ја моќта на смеењето. Без оглед на вашата надворешна ситуација, не заборавајте да пронајдете радост во сѐ она што може да го направи светот подобро место за вас и за останатите.

Ако го одбравте симболот со број 8:

Време е за поврзување со оние околу вас, со себе и со природата. Не сте сами, туку сте дел од голема мрежа во универзумот и морате да запаметите дека секоја работа, секое растение, животно или нешто друго, е поврзано со голема сила. Тоа можете да го почувствувате, а понекогаш дури и да го видите, но сега е време да го вклучите во вашата пракса. Отстранете ја маската што ја носите и дозволете си да остварите вистинска врска. Почнете со себе, а потоа истражувајте го надворешното. Поврзете се со растенијата, животните и тогаш конечно ќе бидете подготвени да остварите вистинска врска со другите. Ако имате проблеми во врската или на работа, можеби треба само подлабоко да се поврзете. Обидете се да погледнете на работите од нивна гледна точка. Излезете од своето его и запрашајте се: „Како може да се поврзам со оваа ситуација за да ми донесе најмногу добро?“

Ако го одбравте симболот со број 9:

Ова е знак од универзумот дека е направено сѐ што сте требале да направите, па сега можете да се опуштите и да уживате во плодовите на вашиот труд. Универзумот сака да ви се заблагодари што сте биле она што сте и што сте ги ширеле пораките на свеста со другите. Вие сте вистински духовен учител кој има водено многумина, па сега е ваш ред да го примите подарокот. Секако, тоа не е нешто материјално, туку нешто многу подобро од тоа. Тоа е дар на знаењето дека животот е убав и дека сето ова постои за да ви овозможи раст, учење и љубов. Во последно време имате многу работено на својата свесност и раст, а сега е време да продолжите понатаму. Помогнете му на некој пријател на кој тоа му е потребно, засадете дрво, раскажете му ги своите лекции на светот, со цел да ја проширите будноста и свесноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар