Изберете го најсреќниот пар според вас и откријте нешто за вашата љубовна врска

Изберете го најсреќниот пар според вас и откријте нешто за вашата љубовна врска

Невербалната комуникација во врската можеби е дури и поважна од вербалната, тврдат социјалните психолози. За односот кој го имате со саканата личност може да се откријат многу работи само од начинот на кој партнерот ве гледа, начинот на кој се држите за раце или се прегрнувате или пак според тоа како се однесувате додека се шетате заедно.

1-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Можеби звучи неверојатно, но можете да дознаете многу работи за вашата врска врз основа на овој необичен тест. Сѐ што е потребно е да изберете пар кој според вас изгледа најсреќно и ќе дознаете интересни работи за вас и вашата сакана личност.

Пар број 1

2-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Во овој пар, жената е горда на својот партнер и сака тоа да им го покаже на сите. Таа е независна, води сметка за себе и не ја интересира што ќе кажат останатите. Мажот во оваа врска ја цени заедницата, посветен е и сака да го унапреди односот. Мотото на вашата врска е меѓусебна отвореност.

Пар број 2

3-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

„Зад секој успешен маж стои успешна жена“, е реченицата која совршено ја опишува оваа врска. Тука жената обрнува внимание на важните работи и не дозволува нејзиниот маж да остане во сенка. Таа му помага да се фокусира на работите кои во тој момент се важни и со нејзина поддршка, тој може многу далеку да стигне.

Пар број 3

4-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Со сигурност, во вашата врска мажот е главниот водач. Тој е одговорен, но понекогаш има краток фитиљ. Меѓутоа, жената е доволно мудра и смирена што успева да ја балансира оваа негова особина. Вашето мото е: „Тој нѐ држи двајцата. Таа држи рамнотежа“.

Пар број 4

5-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Интимност и прегратка полна со доверба покажува дека мажот сака да ја заштити својата жена од сите проблеми и да биде нејзина поддршка во сите ситуации. Сите им се восхитуваат на вашата заемна почит и безусловна доверба и тоа е она што ја држи вашата врска и ја прави толку силна.

Пар број 5

6-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Вие живеете во хармонија и се поддржувате еден со друг без разлика на сè. Уживате во сите заеднички моменти, без разлика дали е тоа излегување или седење пред телевизор. Вашата љубов е за почит.

Пар број 6

7-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Вие не сте пар кој сака јавно да ги искажува своите емоции. Во вашата врска двете страни се подеднакви и вие ги цените желбите, мислењата и интересите на другата страна. Можеби тоа не се гледа во јавност или на социјалните мрежи, но кога сте сами, вие сте романтични, сродни души кои се обожаваат.

Пар број 7

8-izberete-go-najsrekjniot-par-spored-vas-i-otkrijte-neshto-za-vashata-ljubovna-vrska-www.kafepauza.mk_

Вие имате еден куп заеднички фотографии, на сите им покажувате колку се сакате и не се плашите јавно да ги искажете вашите чувства. Вам никогаш нема да ви биде досадно, бидејќи имате многу заеднички интереси. Сите мислат дека сте прекрасен пар, а вие секако тоа и го докажувате.

Доколку сакате да направите сличен тест за вашата љубовна врска, ви предлагаме да одговорите на овие едноставни прашања што ќе ви откријат колку сте блиски со партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар