Изберете египетска карта и дознајте ја својата судбина
Египетскиот тарот е еден од најстарите кои постојат. Всушност, тој го започнал патот за окултизмот и уметноста за гледањето на судбината. Египетскиот тарот е многу пореалистичен од останатите и полесен за разбирање. Во стариот Египет, било нормално да се консултирате со картите за да ја предвидите иднината, а бидејќи Египќаните биле многу суеверна цивилизација, слепо верувале во она што картите ќе го кажат. Дали сакате да знаете што велат картите за вашата иднина? Доволно е да изберете една и да дознаете.
1. Божица
Божицата Исис има 12 ѕвезди околу главата, кои го претставуваат годишниот циклус. Нејзините гради се симбол за женственост, па дури и мајчинство, но тоа не мора да значи бременост, туку дека сте пожртвувана и грижлива мајка, што понекогаш дури и го „гуши“ сопственото дете.
Во долниот дел се наоѓа млада Месечина, што укажува на период на плодност, просперитет, раст и развој во сите сфери на животот.
Картата на божицата значи дека вие сте витална, среќна личност, а исто така укажува и на благосостојба и добра судбина како награда за вашата напорна работа. Наскоро ви доаѓа период на среќа, оптимизам и успех.
2. Месечина
Месечината има големо влијание и на природата и на луѓето, бидејќи според античките митови, има моќ да ги трансформира луѓето со поттикнување на нивните најлоши инстинкти.
Избирањето на оваа карта значи дека вашата страст се развива и расте, исто како и вашата љубомора и тоа не само кон вашиот партнер. Ако чувствувате незадоволство заради која било личност, тоа уште повеќе ќе се зајакне под влијанието на оваа карта.
Оваа карта ви вели смирено да размислите пред која било одлука, за да не доживеете неуспех. Бидете трпеливи за да ги видите резултатите од вашите дела, бидејќи кога-тогаш, тие ќе пристигнат. Месечината предупредува и на предавство и лажни луѓе кои ви приоѓаат со двонасочни намери, но ако ја слушате својата интуиција, ќе ги разоткриете вашите непријатели и величествено ќе триумфирате.
3. Врховен свештеник
Врховниот свештеник е претставен со богот Анубис, господар на мртвите, заштитник на душите и тајните и на оние кои учествуваат во судењето на душите. Анубис е познат и како Водич, бидејќи ги води душите на вечен одмор или казна за делата направени во текот на животот на Земјата.
Ако сте наклонети кон зло и правите лоши работи, за вашата душа нема да има милост и ќе следува вечна казна. Меѓутоа, ако тежнеете кон добро и имате големо срце, ве очекува среќа и просперитет во животот.
Оваа карта ве учи да процените што ве чека во животот и да ја видите добрата страна на работите. Свесни сте дека секое дело има последици, но вашите инстинкти ќе ви помогнат да пронајдете баланс и совршена хармонија.
4. Триумф
Оваа карта симболизира крај на борбата, од која се враќате триумфално, како на картата, крунисани со сонце.
Во текот на борбата, во која сте пролеале многу солзи, не сте чувствувале ништо и сте биле мртви однатре, но сега повторно сте живи и сте ја откриле радоста и среќата во малите работи.
Оваа карта ви носи добри времиња, среќа, како и финансиски успех. Сега знаете дека е подобро никој да не ви се испречи на патот, бидејќи иако вашиот меч е уморен и истрошен, и понатаму има сила за смртоносни удари. Вие сте незапирливи!
Расположени сте за уште еден тест со карти? Кој број ви го привлекува вниманието? Кликнете на ангелската карта и дознајте важна порака за новата година…