Изберете едно око и дознајте дали сте логични, чувствителни или интуитивни

Изберете едно око и дознајте дали сте логични, чувствителни или интуитивни

Никогаш нема да ни здодее од овие тестови. Тие се толку едноставни, а ни овозможуваат детален увид во скриените и заборавени нивоа од нашиот карактер. Епа ајде, одберете го окото што најмногу ви се допаѓа и откријте во која категорија спаѓате вие!

А – ВИЕ СТЕ ЛОГИЧНИ

Уживате во длабокото размислување и знаете како логички да разговарате. Дури и во ситуациите кои се тешки за разбирање, вие носите бистри заклучоци. Им давате на луѓето мудри одговори и позитивна енергија, па затоа и сите лесно се отвораат пред вас.

Тоа е и причината поради која сте доживувани како мудри, смирени и логички луѓе, на кои сите им веруваат. Вие сте лидери и лесно ги инспирирате другите.

Б – ВИЕ СТЕ ЧУВСТВИТЕЛНИ

Вие сте полни со емоции и го гледате светот низ топла и деликатна перспектива. Вие ги чувствувате сите емоции од секојдневниот живот. Понекогаш имате подеми и падови, но најчесто сте ведри и хумористични.

Можеби повремено ве доживуваат како ранлива личност, но сите го чувствуваат вашиот мистериозен шарм. Емпатијата ви е силна страна – вие се смеете и плачете заедно со другите.

В – ВИЕ СТЕ ИНТУИТИВНИ

Вие сте родени со одлична интуиција. Знаете дека постои дел од животот што едноставно не може логично да се објасни. Ако имате силен впечаток кога запознавате нови луѓе, вашата проценка е секогаш 100% точна.

Токму затоа и што ги чувствувате емоциите на другите без да ги чуете, тие сметаат дека ги разбирате кога разговараат со вас. Само 10% од популацијата има ваква интуиција!

Сакате да направите уште еден ваков тест? Кое од овие очи најмногу ви се допаѓа? Кликнете на него и дознајте нешто повеќе за себе…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар