Изберете едно од овие мачиња и дознајте нешто што се крие во вашата потсвест
Нашата потсвест работи на чудни начини. Многу често имаме мисли за кои не сме свесни и потреби за кои не знаеме, кои пак лесно излегуваат на површина ако индиректно им се даде шанса. Овој тест е токму за тоа наменет. Па ако сакате да дознаете нешто што се крие во вашата потсвест, одберете маче и прочитајте го неговото значење во продолжение!
Маче број 1
Првото маче претставува индивидуалност. Иако лесно се приврзувате, не сакате премногу физички изјави на љубов, како прегратките. Тоа потсвесно може да се однесува и на вашиот карактер, односно не сакате да бидете згушени или контролирани во врските. Ова маче исто така се поврзува и со мрзливоста. Можеби имате навика да ги одложувате работите што треба да ги завршите. Ако планирате однапред, можете значително да го намалите стресот во животот.
Првото маче исто така има и шепа пред окото. Дали ги гледате нештата од повеќе перспективи за подобро да ја разберете големата слика или пак, гледате само од еден агол? Ако помисливте на второто, тогаш постојат големи шанси да ви се прошири перспективата и да добиете поголем увид во нештата. Тоа ќе ви помогне во сите односи во вашиот живот, особено на работа.
Маче број 2
Второто маче претставува пријателство. Вие сте многу социјална и паметна личност. Исто така сте и оригинални и имате способност сè што да правите да го направите автентично, бидејќи никогаш не ги копирате другите туку ги завршувате работите на свој начин. Со оглед на тоа што сте многу социјални, вие обожавате да минувате време со семејството и пријателите – многу повеќе одошто да бидете сами.
Второто маче исто така ги држи и шепите на ушите. Слушате за да чуете или само ја чекате паузата за да можете и вие да кажете нешто? Можеби се чувствувате како другите да не ве разбираат, па затоа и треба да разговарате (и активно да слушате!) со најблиските за да се погрижите вашите потреби да бидат чуени и разбрани.
Маче број 3
Третото маче претставува чувствителност. Вие сте многу селективни кога станува збор за вашите пријатели. Попрво би имале два, тројца лојални пријатели отколку да сте опкружени со толпа познајници. Вие исто така знаете и да бидете непријатни поради вашата чувствителна природа, па неретко на другите им е тешко да разберат што навистина ви се врти во главата. Вие исто така можете да бидете и нервозни ако не го добиете тоа што го сакате. Обожавате рутина, но мора да излезете од удобната зона ако сакате да почнете вистински да се движите напред.
Третото маче исто така има и шепа преку устата. Дали искрено ги кажувате своите потреби или молчите за да го одржите мирот? Ова може да биде знак дека е време да поставите јасни граници и да бидете погласни кога станува збор за вас и вашите потреби. Ако говорите од срце, другите многу полесно ќе разберат што навистина ви е потребно.
Расположени сте за подлабоко истражување на вашата потсвест? Кликнете на личност на која прво би ѝ помогнале и дознајте длабоки тајни за вашиот карактер.