Изберете една карта и пронајдете го патот до среќата

Изберете една карта и пронајдете го патот до среќата

Овие карти се полни со мудрост, совети и животни лекции. Тие ни помагаат да го разбереме подобро животот и да го живееме најдобро што можеме. Денес ви откриваме како да се истражите себеси за да го пронајдете својот пат до среќата. Сè што е потребно е да одберете карта и да дознаете каква болка криете од самите себеси и како да си помогнете повторно да бидете среќни.

izberete-edna-karta-i-pronajdete-go-patot-do-srekjata-www.kafepauza.mk

Карта 1

Вие најверојатно на интелектуално ниво совршено разбирате дека вашите родители пателе како деца, дека нивното детство било исполнето со сиромаштија и жртви и дека ви ја овозможуваат љубовта на единствениот начин на кој знаат. Имајќи го ова на ум, вашето срце сè уште ги обвинува што не се потрудиле доволно за повеќе да ве сакаат и разбираат.

Совет: Затворете ги очите и тивко запрашајте го своето срце дали сте во мир со своето детство или има уште нешто ве боли. Важно е да го исцелите умот, но и срцето. Единствено кога ќе пронајдете мир во срцето ќе можете да продолжите со својот живот и да најдете вистинска среќа.

Карта 1

Можеби не зборувате лошо за бившиот партнер поради кој многу сте пателе, бидејќи свесни сте за сите добри и лошо работи што се случиле меѓу вас. Но, вашето срце сè е тажно и пати за љубов и среќа.

Совет: Ако поради бес или лошо искуство пропуштате шанси да најдете подобар партнер, мора да застанете малку и добро да размислите. Нека вашиот ум рационално ги објасни сите нешта низ кои поминувате, и нека пронајде лек за вашето болно срце. Тоа е единствениот начин да најдете љубов и среќа.

Карта 3

Веќе долго време се потценувате себеси. Сте пробале толку многу нешта во животот, но стравот од неуспех ве спречило да ги завршите до крај. Сега сте во период во кој најверојатно се плашите и да пробате нешто ново или да запознаете некој нов.

Совет: Погледнете во своето срце за да ја излечите болката што не ви дозволува да бидете целосно среќни со животот, со сликата за себе, со своите цели и сè што досега сте постигнале. Не се плашете да ја почувствувате таа болка бидејќи тоа е единствениот пат да ја излечите.

Одберете уште една карта, кликнете на неа и добијте порака за мир и хармонија во вашиот живот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар