Изберете еден плод и дознајте дали ќе ви се оствари желбата

Изберете еден плод и дознајте дали ќе ви се оствари желбата

Кој човек на светот нема желби? Замислете една, погледнете ја оваа слика и изберете еден плод од дрвото. Откако ќе го направите тоа, погледнете подолу, пронајдете го одговорот и дознајте дали ќе ви се оствари вашата желба.

Изберете еден плод и дознајте дали ќе ви се оствари желбата

1. Имате доволно самодоверба и вашата желба со сигурност ќе се оствари, затоа што давате сѐ од себе за тој сон да стане реалност.

2. Вие сте енергична личност и сигурни сте во себе. Не верувате во тоа дека ќе ви се случи она што ви е „судено“, туку во тоа дека самите сте си креатори на својот живот, па спремни сте сѐ да направите за да ги остварите своите цели и желби. Ова се однесува на сѐ, па дури и на оние навидум невозможни желби. Вие можете!

3. Вие сте навикнати да живеете и да се однесувате во зависност од околината. За жал, често одлучувате да „пловите по реката“, не обидувајќи се да ја промените својата судбина, иако сте способни за тоа. Обидете се повеќе да се ориентирате кон целта, да верувате во себе и во своите можности и со сето ова заедно, можете да ја остварите желбата.

4. Вие барате многу и од себе и од околината. Ако нешто сте наумиле, не попуштате и со сета своја сила одите по патот за остварување на својата цел. Не откажувајте се, вие сте во вистинска насока.

5. Вашата природна импулсивност честопати ви пречи во постигнување на посакуваното. Не брзајте ги другите и себе, дишете смирено. Вашата желба ќе се оствари ако се олабавите малку.

6. Вие сте многу среќна личност, но понекогаш сте мрзеливи. За да ја остварите својата желба, почнете да одите во насока на нејзино остварување.

7. Вашата желба ќе се оствари, но за тоа е потребно време. Бидете трпеливи.

8. Изгледа дека постојано сте фокусирани на својата желба. „Заборавете“ малку на неа и едноставно ослободете ја, па ќе видите дека нема да чекате долго за да ги забележите резултатите.

9. Вашата желба наскоро ќе се оствари. Голема е веројатноста дека после тоа ќе се запрашате: „Дали тоа воопшто ми беше потребно?“

10. Бидете скромни во своите желби. Можеби барате премногу? Замолете го универзумот да ви оствари скромни желби, па сигурно ќе се случи тоа.

11. Вашата желба сѐ уште не е остварена само од една причина: Не сте вложиле никаков напор за нејзино остварување.

12. Вашата желба е речиси исполнета!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар