Истражување покажало дека кај жените несоницата е значително повисока отколку кај мажите!

Истражување покажало дека кај жените несоницата е значително повисока отколку кај мажите!

Сигурно ви е познат фактот дека квалитетниот сон го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува ризикот од развој на сериозни болести. Спиењето поволно влијае и врз нашето ментално здравје, а помага и при закрепнување. Недостатокот на сон е поврзан со хронични здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, болести на бубрезите, висок крвен притисок, дијабетес, мозочен удар и депресија. Затоа, квалитетниот сон мора да биде приоритет кога станува збор за нашата благосостојба.

Истражување покажало дека кај жените несоницата е значително повисока отколку кај мажите!

Кои страдаат најмногу од несоница? Жените.

Истражување од 2020 година, која ги истражувала половите разлики кога станува збор за несоница, покажала дека кај жените несоницата е значително повисока отколку кај мажите.

Кои се последиците од несоница?

Физички, несоницата може да предизвика зголемување на болката поради недостаток на одмор и недоволно закрепнување на вашето тело. Психолошки, ова може да биде исклучително штетно за менталната благосостојба.

„Ако на некој му требаат повеќе од 30 минути за да заспие, ако некој е буден повеќе од 30 минути во текот на ноќта или се буди 30 минути пред алармот и не може да се освежи следниот ден, тоа се нарекува несоница“, објаснува д-р Линдзи Браунинг, експерт за спиење и автор на книгата „Управување со несоницата“. „Хроничната несоница се јавува кога овие проблеми се манифестираат најмалку три пати неделно и тоа во период подолг од три месеци. Ако имате проблем да заспиете, а тоа влијае на вашата способност да функционирате во текот на денот, веројатно е несоница.“

Кои се причините?

„Честопати, причините за лош сон се од физички карактер, како што се болка или треска, или хормонални флуктуации кои можат да влијаат на сонот. Обично, кога ќе се реши причината за проблемот со спиењето (на пример, стресната ситуација поминала, лицето повеќе не чувствува болка или неговите хормони се вратиле во нормална рамнотежа), сонот на лицето ќе се врати во нормала. Меѓутоа, понекогаш проблемот со спиењето (или несоницата) може да продолжи долго после тоа “, вели д-р Браунинг.

Дали е можно да се ослободите од несоницата?

„Кај жените, несоницата е особено честа за време на менопаузата кога хормоните можат да варираат во голема мера“, вели д-р Браунинг. Според неа, тивката спална соба може значително да ви помогне да го решите овој проблем.

„Ако, пак, вашата несоница е поврзана со стресот, тогаш важно е да ги идентификувате областите во вашиот живот кои предизвикуваат стрес и да се обидете да го намалите стресот каде што е можно. Ако веќе имате несоница, избегнувајте кофеин и алкохол пред спиење и обидете се да се опуштите колку што е можно повеќе“, вели Браунинг.

Откако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои навики во исхраната можат да доведат до несоница.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар