Истражување открило дека мачките не се добри во ловење стаорци
Луѓето го толерираат однесувањето на мачките најмалку 10.000 години, најчесто бидејќи тие им помагаат да ги држат под контрола штетниците како што се стаорците. Но едно ново истражување објавено во септември, покажало дека иако мачките се добри во фаќање мали птици и глувци, тие имаат многу мало влијание на популацијата на стаорци.
Во 2017-та година, Мајкл Парсонс од Универзитетот Фордхам им ставил микрочипови на околу 60 стаорци што живеат во зграда во Бруклин. Тимот го манипулирал населението стаорци пуштајќи разни феромони и забележувал како тоа влијае на нивното однесување. Овие експерименти имале непланирани несакани ефекти. Уличните мачки, најверојатно привлечени од мирисот на потенцијалниот плен, почнале да влегуваат во зградата каде што се наоѓале стаорците.
На почетокот истражувачите се обиделе да се ослободат од мачките, но безуспешно. Потоа одлучиле да ги искористат и петте мачки што се наоѓале во зградата и да го забележат нивниот ефект врз стаорците.
Со стотици видео записи како доказ, научниците забележале само 20 обиди за следење, 3 обиди за убивање и само 2 успешни убиства од страна на мачките во период од 79 денови. Во поголемиот дел од времето, мачките целосно ги игнорирале стаорците.
Иако ловењето стаорци речиси и да не постоело, научниците забележале дека секогаш кога ќе виделе мачка, стаорците почесто барале засолниште. Можеби токму поради ова луѓето мислат дека со помош на мачките можат да ја контролираат инвазијата од стаорци.
„Луѓето гледаат помалку стаорци и мислат дека мачките ги убиле, кога всушност стаорците само го менувале нивното однесување“, изјавил Мајкл Парсонс.
Па зошто мачките не се покажале како поагресивни ловци? Најверојатно бидејќи мачките знаат дека само едно гризнување од стаорец може да им предизвика повреда опасна по живот. Друго истражување има покажано дека мачките е поверојатно да убиваат птици и други мали глодачи, како глувци и не сакаат предолга борба.
„Ова не значи дека мачките не ги демнат уличните стаорци, туку за да се случи тоа потребни се одредени услови. Мачката мора да биде гладна и да нема алтернативен и помалку опасен извор на храна.“
Поради ова истражувачите одлучиле да го повторат експериментот, но на место каде што на мачките ќе им биде потешко да најдат друга храна.
Дали знаете што значат „чудните“ однесувања на вашата мачка?