Истражување од Харвард: Повременото постење може да ви го продолжи животот
Нешто што луѓето го правеле со векови поради религија, се покажало како навистина корисно според науката. Станува збор за наизменичното постење.
Кога личноста пости, таа се воздржува од храна на одреден временски период. Муслиманите постат за време на Рамадан околу 16-17 часа на ден, цел месец. Хиндусите постат по цел ден на посебни денови. Неколку пости постојат и во христијанството.
Често религиските ритуали и обичаи се гледани како суеверие и лага од страна на научната заедница. Но едно неодамнешно истражување од Универзитетот Харвард покажало дека повременото постење може да им биде од помош на луѓето, особено кога станува збор за забавување на процесот за стареење.
Митохондриите се едни од најважните и најуникатните органели на клетката. Знаевте ли дека митохондриите не само што произведуваат енергија во клетките, туку се и единствениот начин да се следи нечие потекло од страна на мајката? Ефектите на постењето се тесно поврзани со овие мали органели.
Како што храната навлегува во клетката, започнува процес кој е сличен на согорување гориво за производство на топлина. Митохондриите го прават ова постојано.
Како и сите софистицирани машини, и на митохондријата ѝ е потребен одмор. Самиот експеримент ја тестирал способноста на овие органели на еден вид црви. Бил одбран посебен вид црви кој живее до 2 недели, со тоа олеснувајќи го набљудувањето на процесот на стареење.
Истражувањето вклучувало ограничување на исхраната на црвите. Ова направило нивните митохондрии да работат многу поефикасно и како да се многу „помлади“. Ова значи дека повременото постење им дава време на митохондриите да се обноват и да работат поефикасно. Митохондриите што работат подобро, водат кон поздраво тело. Колку подобро работат овие органели, толку е побрз метаболизмот и се забавува процесот на стареење.
Па, кога вашите родители или баба и дедо постат и се поздрави од вас, немојте да се шегувате за нивните суеверија. Сепак во нив имало некаква вистина.
Погледнете и што му прави 3-дневниот пост на човечкото тело.