Истражување: Мажите создаваат најквалитетна сперма при секс за една ноќ

Истражување: Мажите создаваат најквалитетна сперма при секс за една ноќ

Едно ново истражување од Факултетот во Вустер покажува дека мажите создаваат поквалитетна сперма при секс за една ноќ одошто во подолготрајна врска. За потребите на истражувањето, мажите, секој во приватноста на својата соба, во период од две недели, добивале 7 различни порно филмови. Во првите 6 филмови истата актерка ја имала главната улога, додека пак во 7-от, главната улога ѝ припаѓала на сосема нова, за нив непозната актерка.

Резултатите покажуваат дека не само што мажите побрзо доживеале оргазам гледајќи ја непозната актерка, туку и дека создавале поквалитетна сперма, во поголема количина. Иако научниците не се сигурни зошто се случува ова, тие веруваат дека станува збор за „еволуциско адаптирање“ од времето кога мажите требало да оплодат повеќе жени за да го осигурат преживувањето на својата лоза.

Пол Џозеф, коавторот на оваа студија, објаснува дека ова истражување не треба да се искористи како повик за мажите што повеќе да ја шират својата сперма, ниту пак дека моногамните врски се лоши и дека тоа не е природен начин на репродукција. Ова истражување само укажува на фактот дека „менувањето на темата“ може да доведе до свежина во мастурбирањето, па и во самата моногамна врска.

Дознајте и дали сексот на првиот состанок може да ги уништи шансите за сериозна љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар