Истражување: Кучињата можат да откријат кога сме под стрес

Истражување: Кучињата можат да откријат кога сме под стрес

Луѓето и кучињата можат да создадат длабока врска. Некои луѓе дури веруваат дека нивните домашни миленици можат да ги разберат нивните чувства и емоции. Според најновите истражувања, ова може да биде вистина.

Истражување: Кучињата можат да откријат кога сме под стрес

Научниците од Универзитетот во Белфаст, Ирска, спровеле експеримент со четири кучиња и 36 луѓе и откриле дека кучињата можат да направат разлика меѓу карактеристичниот мирис на секој од испитаниците и мирисот во моментите на стрес и вознемиреност.

Така, во текот на истражувањето, научниците собрале примероци од пот од испитаниците од кои едниот дел се однесувал на нормалната состојба на телото, а другиот на состојбата на телото за време на стрес кој бил предизвикан од решавањето тешка математичка задача. Притоа, било утврдено дека кучињата можеле да го откријат точниот примерок и тоа со стапка на точност од 93,5%.

На крајот од истражувањето научниците заклучиле дека кучињата можат да ја детектираат промената што настанува како резултат на психолошката реакција на телото на стрес.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто кучињата ги ставаат своите шепи на вас.

Извор: mymodernmet.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар