Истражување: Која боја на коса и очи најмногу им се допаѓа на мажите?
Мажите, исто како и жените, често имаат одреден тип жени кои ги сметаат за визуелно најпривлечни. Иако вкусовите се разликуваат, едно неодамнешно британско истражување открило која комбинација на боја на коса и очи ја преферираат повеќето мажи. На анкетата одговориле 2.000 мажи и се покажало дека 60% од нив најмногу ги сакаат жените со кафеава коса и сини очи.
Мажите за бојата на косата
Третина од мажите (33,1%) изјавиле дека бринетите се најзгодни, а 28,6% повеќе сакале црнокоси. Ова значи дека 61,7% од мажите сакаат жена со темна коса. 29,5% изјавиле дека најмногу сакаат русокоси, а само 8,8% сакале црвенокоси.
Мажите за бојата на очите
Сините очи се победници и биле избрани од 40,2% од испитаниците. Кафеавите очи најмногу им се допаѓале на 29,2% на мажите, а на трето место се нашле зелените очи со 17,5%.
Мажите за големината на облеката
Според истражувањето, мажите најмногу сакат облини. Повеќето од нив признале дека најмногу им се допаѓа доколку жената носи број на облека од 40 до 42. Само 10% изјавиле дека сакаат конфекциски број 34 или 36. Меѓутоа, на мажите не им се допаѓаат и преголемите облини, бидејќи само 4,2% изјавиле дека им се допаѓаат жени со конфекциски број над 44.
Погледнете и кои се работите што мажите ги сметаат за неодоливо привлечни кај жените.