Истражувањата потврдуваат: Девојките со сестри се многу посреќни во својот живот!

Истражувањата потврдуваат: Девојките со сестри се многу посреќни во својот живот!

Да, таа ја краде вашата омилена облека, ви го растура шкафот и ви ја позајмува чантата без да ве праша. Секогаш гласно слуша музика и без срам ја јаде последната коцка од чоколадото. Ова се проблемите со кои сите сестри се соочуваат и иако понекогаш можат да ве доведат до лудило, сепак нема сомнеж дека ги сакате повеќе од сè на овој свет.

istrazhuvanjata-potvrduvaat-devojkite-so-sestri-se-mnogu-posrekjni-vo-svojot-zhivot

Се прашувате како е тоа можно? Можеби затоа што сте почувствувале дека вашата сестра ве прави посреќни и пооптимистични… а сега тоа е потврдено и од страна на науката. Според едно истражување каде што биле вклучени 570 испитаници на возраст од 15 до 25 години, и во кое била испитувана нивната емоционална состојба, се докажало дека учесниците што израснале со една или со повеќе сестри се многу посреќни во животот.

Тоа се случува затоа што сестрите го поттикнуваат семејството отворено да разговараат за проблемите и да бидат поповрзани, на тој начин правејќи ги сите посреќни. Мислиме дека тоа е доволна причина за цврсто да ја прегрнете сестра ви следен пат кога ќе ја видите… секако, сè додека не сфатите дека повторно нешто ви недостасува во шкафот! Тогаш можете слободно и да ја прекорите…

Ова истражување открило и нешто интересно во однос на браќата, а тоа е дека тие имаат сосема спротивно влијание. Момчињата што имале само браќа во семејството биле помалку среќни од оние што имале барем една сестра. Момчињата избегнуваат да разговараат за своите емоции, а ако семејството се состои само од машки членови, тоа често доведува до вистинска тишина меѓу нив.

Прочитајте и за овие 10 нешта што сите сестри треба заедно да ги направат пред да наполнат 30 години!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар