Истражувањата потврдија: Стриповите ја развиваат љубовта кон книгите

Истражувањата потврдија: Стриповите ја развиваат љубовта кон книгите

Иако многумина сметаат дека стриповите не се соодветен избор за едукација на децата, сепак научниците тврдат дека тие се исто толку корисни како и книгите. Комбинацијата на забавните цртежи и кратките текстови, како и самата приказна која се обработува може да бидат вистинскиот пат кон развивање љубов за книгите и желба за учење.

Стриповите ја развиваат љубовта кон книгата

Психолозите се едногласни во ставот дека родителите треба активно да работат на развивање навики за читање кај своите деца. Според последните истражувања на Универзитетот во Илионоис, стриповите не само што се добри за развивање љубов кон книгите, туку играат и клучна улога во поставувањето на основите за понатамошното образование на децата.

„Возрасните сметаат дека децата во стриповите ги гледаат само цртежите. Тоа е навистина така во некои случаи, но тие истото го прават и со илустрираните книги. Младите кои сакаат да стигнат до некое сознание мораат и текстот да го прочитаат и прегледаат со внимание. Кога ќе сфатите дека сликите и зборовите заедно ја прават приказната поквалитетна, ќе ви стане многу јасно дека стриповите се исто толку корисни како и енциклопедиите“, вели проф. д-р Керол Тил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар