Истражувањата покажуваат: Забраната за абортус има застрашувачки психолошки ефекти на жените

Истражувањата покажуваат: Забраната за абортус има застрашувачки психолошки ефекти на жените

Ако една жена избере да абортира, а притоа ѝ биде кажано дека не може, тоа ќе биде многу стресна ситуација за неа. Но, истражувањата повеќе се фокусираат на тоа што се случува со нејзиното ментално здравје кога таа абортира, а законите против абортус честопати се придружени со верувањето дека таа постапка може да доведе до негативни последици за нејзиното здравје.

Истражувањата покажуваат: Ограничувањето на жените за пристап до абортус, има негативни психолошки ефекти

Сега, резултатите од новата, петгодишна студија која го следела менталното здравје на жените кои бараат абортус, без разлика дали имале или не, со текот на времето покажува дека доколку на една жена не ѝ биде дозволено да абортира, тоа може да има сериозни ефекти на нејзиното ментално здравје.

„Ако нашата цел е заштита на менталното здравје на жените, оваа студија не открива дека забранувањето за абортирање го заштитува нивното ментално здравје“, вели водечкиот автор Антонија Бигс, истражувач во центарот за глобално репродуктивно здравје, при Универзитетот во Калифорнија. „Таа покажува дека овозможувањето на жените да имаат абортус повеќе го заштитува нивното ментално здравје отколку што му штети.“

Истражувачите избрале жени на триесет годишна возраст од 21 држава во САД, кои помеѓу 2008 и 2010 година барале абортус. Тие биле интервјуирани една недела по нивното барање, а потоа уште еднаш на секои шест месеци во период од пет години, со вкупно 11 интервјуа, со цел да се оцени нивното ментално здравје во текот на годините. Тие започнале со група од 1.132 учеснички, но било тешко да се задржат сите во текот на ова долго истражување. На крајот од петтата година тие завршиле со прибрани податоци од 558 жени. Овие жени биле поделени на три категории: Оние кои имале ран абортус, оние кои имале подоцен абортус и оние чиешто барање за абортус било одбиено. Третата категорија жени понатаму била поделена на оние кои се породиле (повеќето) и оние кои добиле абортус на поинаков начин. Со користење на стандардна мерка за мерење на менталниот стрес, истражувачите откриле дека жените чиешто барање за абортус било одбиено, биле повеќе вознемирени, имале опаѓање на самодовербата и задоволството во животот, значително повеќе отколку оние жени кои абортирале.

Истражувањата покажуваат: Ограничувањето на жените за пристап до абортус, има негативни психолошки ефекти

Кога станува збор за депресијата, не постоела некоја позначајна разлика помеѓу групите и, со текот на времето, кај сите жени било забележано подобрување на менталното здравје. Ова е во спротивност со верувањето дека жените кои абортираат ќе имаат негативни ментални последици многу години подоцна. Голем број држави ширум светот, имаат закони кои бараат од жените што сакаат да абортираат да добијат советување кое ќе ги предупреди дека таа постапка може да има негативно влијание врз нивното ментално здравје. Но, истражувањата на оваа тема ги рушат верувањата дека абортусот предизвикува ментален стрес кај жените, како и депресија и анксиозност.

Споредувајќи ги групите жени кои сакале да абортираат, но не им било дозволено и следејќи ги во текот на подолг временски период, истражувачите добиле посилни докази за тоа како навистина оваа постапка влијае на менталното здравје. Па, овие докази не го поддржуваат одбивањето за абортирање, туку ги поддржува жените кои се одлучиле за овој чекор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар