Истражувањата покажуваат дека љубителите на кашкавал живеат подолго
За сите љубители на кашкавалот, имаме прекрасна вест: Откриено е дека вашиот омилен млечен производ може да ви помогне да живеете подолго. Според истражувањето објавено во списанието Природна медицина, зрелиот кашкавал содржи состојки кои може значително да ви помогнат да го намалите ризикот од срцеви заболувања и процесот на стареење, како и да го зголемите просечниот животен век.
Научниците првично спроведеле експерименти на лабораториски глувци и откриле дека редовното консумирање кашкавал кај животните им помогнало тие да живеат подолго. Потоа бил спроведен прашалник помеѓу 800 луѓе во Италија и било откриено дека оние кои редовно јаделе кашкавал, помалку страдале од хипертензија и кардиоваскуларни заболувања. Нивната подложност на срцева слабост била околу 40% помала, во споредба со оние кои не јаделе. Истражувачите веруваат дека хемиските состојки кои ги содржи кашкавалот (полиамин), им помагаат на клетките во телото да се ослободат од отровите и нивните оштетени делови, што има корисен ефект врз телото, а исто така може да ѝ помогне на личноста да го подмлади својот изглед.
Сепак, треба да имате на ум дека кашкавалот содржи многу калории и може да биде штетен за некои луѓе, но тоа не значи дека оние што не може да го јадат, не можат да го продолжат својот животен век. Полиаминот кој се содржи во зрелиот кашкавал, може да се најде и во други прехранбени производи, како што е зелениот грашок, пченката, сојата и зрнестата храна. Но, кашкавалот има предност помеѓу сите нив – токму затоа што тој е многу вкусен!