Истражувањата покажале дека учењето нов јазик го зголемува вашиот мозок

Истражувањата покажале дека учењето нов јазик го зголемува вашиот мозок

Истражувачите од Шведската преведувачка академија за вооружени сили имале уникатна можност да ги проучуваат мозоците на студентите кои учеле нов јазик, и тоа од првиот до последниот час. Тие откриле дека нивните мозоци всушност се зголемиле.

Истражувањата покажале дека учењето нов јазик го зголемува вашиот мозок

Студентите на Академијата мора да научат нов јазик за многу краток временски период. Некои од нив се способни да научат јазици како арапски за само 13 месеци, без претходно познавање на јазикот. Со цел да се изолира влијанието на учењето нов јазик на мозокот, студентите по медицина и когнитивна наука на Универзитетот Умеа биле користени како контролна група – студенти кои исто напорно учеле друга дисциплина. И на двете групи студенти им била направена магнетна резонанса пред да почнат со предавањата, а скенирањето било повторено и после 3 месеци, односно на крајот на семестарот.

Скенирањата не покажале промени кај студентите од универзитетот Умеа. Но, кај студентите кои учеле јазик се зголемиле одредени делови од мозокот, односно нивниот хипокампус и церебрален кортекс. Хипокампусот има важна улога во консолидација на информациите од краткотрајна во долготрајна меморија – овозможува зачувување на научените информации. Церебралниот кортекс има важна улога во меморијата, вниманието, перцепцијата, свесноста, размислувањето и јазикот.

Истражувачите исто така откриле дека големината на хипокампусот и церебралниот кортекс биле директен индикатор за јазичните способности. Џоан Мартенсон, истражувач на Универзитетот Лунд изјавил:

„Се изненадивме поради тоа што разни делови од мозокот се развија до различен степен во зависност од тоа колку бил добар перформансот на студентите и колку труд вложиле.“

Скенирањето на студентите кои се труделе повеќе да научат нов јазик покажало поголем раст за разлика од другите.

„Дури и ако не можеме да споредиме 3 месеци интензивно учење јазик со тоа цел живот да зборувате повеќе јазици, јасно е дека учењето нов јазик е одличен начин да го одржувате мозокот во форма.“

Погледнете и кои се другите придобивки од изучување странски јазик.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар