Истражувањата покажале дека гушкањето ја подобрува генетика на бебињата

Истражувањата покажале дека гушкањето ја подобрува генетика на бебињата

Никогаш претходно немало толку многу теории за правилното одгледување деца. Дали треба да ги оставите да се исплачат, или пак да ги утешите во тие моменти? Дали треба да ги славите нивната невиност и игривост, или пак да бидете построги?

istrazhuvanjata-pokazhale-deka-gushkanjeto-ja-podobrvua-genetikata-na-bebinjata-kafepauza.mk

Без сомнение родителството е вистински предизвик. Но за среќа, новите истражувања помагаат во откривањето на најдоброто за вашето малечко. Според едно ново истражување, гушкањето на бебињата всушност има влијание на нив на молекуларно ниво. Овој едноставен акт може да има влијание на нив со години.

Во истражувањето, научниците од Универзитетот во Британска Колумбија, откриле дека бебињата кои добиваат помалку физички контакт покажале поголемо ниво на стрес во нивната младост. Тие исто така потврдиле дека промените во молекуларниот процес имаат влијание на нивните гени со години. Иако потребно е да се изведат уште истражувања, последното откритие ни покажува како допирот има влијание на детето.

Во истражувањето учествувале родителите на 94 бебиња. Тие биле замолени да водат дневник за нивните навики на гушкање и допирање, и тоа 5 недели од раѓањето на детето. Исто така требало да го забележат и однесувањето на детето, како спиење, плачење и слично. По 4 години, истражувачите зеле ДНК од децата за да ја истражуваат биохемиската модификација наречена ДНК метилација.

ДНК метилацијата е епигенетски механизам кој резултира со обележување на делови од хромозомите со молекули на јаглерод и водород. Ова може да го промени функционирањето на гените, како и да влијае на нивното искажување. Истражувачите забележале дека ДНК метилацијата се разликува помеѓу децата кои имале почест физички контакт за разлика од оние кои го добивале поретко. Исто така се открило дека децата кои добивале помалку физички контакт покажувале знаци на поголем стрес во нивната младост.

Во претходните истражувања ова било поврзано со здравствени проблеми, но сепак е многу рано да се донесуваат конечни заклучоци. Во идните истражувања научниците ќе треба да ги истражуваат долготрајните промени кои може да се случат како резултат на повеќе или помалку физички контакт. Токму ова сака да го направи тимот истражувачи.

„Планираме да откриеме дали биолошката незрелост која ја забележавме во овие деца има какво било влијание на нивното здравје, особено на нивниот психолошки развој. Ако понатамошните истражувања го потврдат ова, тоа ќе ја покаже важноста на физичкиот контакт со малите, особено ако се под стрес“, изјавила Сара Мур, една од истражувачите.

Погледнете и некои други предности на гушкањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар