Истражувањата покажале дека абортусот не го зголемува ризикот од суицидни мисли
Фактот кој го користат речиси сите луѓе кои се против абортусот се покажал како лажен. Постои верување дека ако една жена има абортус, ѝ се зголемува ризикот од појавата на суицидни мисли. Ова мислење е особено популарно во Америка каде што жените се информирани за митот во барем 12 држави.
Овде спаѓа и Јужна Дакота каде што докторите им кажуваат на пациентките дека ќе им се зголеми бројот на суицидни мисли по процедурата. Во Тексас митот се промовира со кампања наречена „Правото за знаење на жената“.
Едно 5-годишно истражување од Американскиот весник за психијатрија открило дека овој мит не е поддржан од научни факти. Тимот научници анализирал 956 жени од 30 разни клиники за абортирање низ САД. Од тие 956 жени, 231 биле одбиени од установите, 237 абортирале во првиот триместар и 452 абортирале во поодмината бременост.
Сите жени биле контактирани точно 1 недела по посетата на клиниката, а потоа на секои 6 месеци во наредните 5 години. Жените биле замолени да пополнат прашалник со кој се утврдувало дали имаат какви било самоубиствени нагони.
Резултатите покажале дека само 1,9% од жените кои абортирале подоцна во бременоста се соочувале со суицидни мисли, а 1,3% од жените кои биле одбиени го искусиле истото.
Во текот на овие 5 години, истражувањето покажало дека суицидните мисли значително се намалиле и дека кон крајот немало разлика помеѓу двете групи, односно помеѓу жените кои абортирале и жените кои биле одбиени. Авторите на истражувањето изјавиле:
„Нивото на суицидни мисли е исто толку ниско како кај жените кои абортирале и оние кои не добиле дозвола. Предупредувањето дека со абортусот се зголемува ризикот за суицидни мисли не е поддржано од никакви докази.“
Тие заклучиле дека нема доволно докази за жените да се предупредуваат за ова. По објавувањето на резултатите, доктор Антонија Бигс, социјален психолог на Универзитетот во Калифорнија изјавила:
„Постои верување, поради лошата литература, дека абортусот го зголемува ризикот од ментални болести, вклучувајќи и суицидни мисли. Некои од тие информативни материјали не се поддржани со докази. Сметам дека постојат многу дезинформации и митови за абортусот и обиди да им се одземе правото на абортус на жените. Се надевам дека ова истражување ќе ви помогне да се информирате.“
Погледнете и кои се најпознатите дезинформации за абортусот.