Истражувањата откриваат: Што мислат мажите за паметните жени?
Се верува дека хетеросексуалните мажи ги сметаат интелигентните жени за привлечни, но кога ќе дојдат во конфликт со жена која е попаметна од нив, таа повеќе не ги привлекува толку многу. Но, сте чуле ли за поимот „психолошка дистанца“?
Психолошката дистанца настанува кога некоја личност може да направи дистанца и да донесе одлука за нешто што е просторно или временски далечно или пак станува збор за нешто хипотетичко. Најновите истражувања покажале дека психолошката дистанца што паметните жени можат да ја направат во однос на мажите, ги прави интелигентните жени попривлечни од останатите.
Иако претходните истражувања докажале дека непосредната близина ги прави луѓето подостапни, најновата студија открила дека се случува спротивното кога жената е попаметна од мажот, особено ако токму таа нејзина особина го привлекла на почетокот.
Не ви е јасно за што станува збор? Резултатите покажале дека кога мажите комуницирале со жена која не е во нивна непосредна близина (на пример, се наоѓа во соседната соба), имале поголема желба да бидат со неа иако таа била попаметна од нив. Но, кога ќе се нашле лице во лице со таква жена, тие покажувале помал романтичен интерес кон неа, доколку била попаметна од нив.
Па, која е причината за тоа? Кога мажот ќе започне однос со паметна жена, тој почнува да врши самоанализа што му го намалува интересот за жената, бидејќи таа му ја менува сликата што ја има за себе. Луѓето ги привлекуваат поединци со одредени особини кога тие не се во нивна близина, но кога ќе се соочат директно со нив, особините што ги сметале за привлечни им го намалуваат интересот. Ова се случува сако тогаш кога една од женските особини што ги привлекува мажите е интелигенцијата.
Што се однесува до жените, тие често одбираат мажи кои се поинтелигентни од нив, а тоа ги спречува да се пробијат во областа на науката, технологијата и математиката. Според резултатите на истражувањето, жените кои се успешни во овие професии, обично се претставуваат како помалку интелигентни за да остварат љубовна врска со некој маж. Хетеросексуалните жени кои бараат попаметни мажи не се интересираат за кариера во некоја од овие области.
Во продолжение прочитајте зошто мажите не можат да излезат на крај со паметните жени.