Истражувањата откриваат: Повеќе од половина мажи фантазираат за нивна колешка од работа
На многу жени не им се допаѓа тоа што мажите гледаат порно филмови и се вртат по други девојки, иако знаат дека ваквото нивно однесување е неизбежно. Па така, резултатите од најновото истражување спроведено во Велика Британија не се некое големо изненадување.
Резултатите покажале дека 17% од жените и 8% од мажите го сметаат за навредливо гледањето експлицитни содржини и порнографија. 13% од жените не го одобруваат „плеткањето“ со колеги од работа, а со тоа се сложуваат и 8% од мажите.
На прашањето дали имаат сексуални фантазии за колешките од работа, повеќе од половина од мажите се изјасниле дека имаат. За истото фантазираат и 30% од жените.
„Фантазирањето е една работа, а реалноста е друга, па така 11% од испитаниците имале афера со колега или колешка од работа“, напишале авторите на истражувањето.
Истражувањето открило и дека 41% од луѓето кои работат во секторот за маркетинг заспиваат на работа, а спијат и вработените во областите уметност, забава и рекреација. Но, тие не се единствените работници кои спијат на работа, бидејќи истото го прават и 34% од вработените во производство, 32% од вработените во областа на науката и технологијата, како и 30% од вработените во владата и јавната администрација.
Освен тоа, 11% од мажите гледаат порнографија во текот на работното време, а истото го прават и 3% од жените. Консумирањето дрога или алкохол се смета за неприфатливо од страна на 21% од мажите и 12% од жените, а кај 8% од жените и 11% од мажите „не поминува“ ниту јадењето туѓа храна.
10% од испитаниците признале дека мастурбирале на работа иако го сметале тоа за неприфатливо однесување, а некои го сториле тоа и повеќе од еднаш. Дури 44% од луѓето се чувствувале возбудено по мастурбацијата на работа, 29% од нив се чувствувале како бунтовници, 24% од нив биле нервозни, 17% засрамени, а 16% од испитаниците се чувствувале непријатно.
Што мислите вие за резултатите од ова истражување? Дали се пронајдовте некаде или пак се сметате за примерни работници?
Во продолжение прочитајте како да се справите со љубовните чувства кон колегата.