Истражувањата откриваат: Најмалите деца во семејството се најзабавни и имаат повеќе шанси за успех
Ако имате забележано дека најзабавната личност во вашиот дом е најмалиот член на семејството, тогаш дефинитивно не сте сами. Една спроведена студија од страна на „YouGov“, глобална онлајн заедница, открила дека постои значајна разлика во личните квалитети помеѓу најстарите и најмладите деца во семејството, а особено е карактеристично тоа што најмладите се сметаат и за најзабавни.
Оваа студија барала од учесниците да класифицираат како гледаат на нивната смисла за хумор, споредено со нивните браќа или сестри. Покрај тоа, студијата ја рангирала нивната одговорност, организациски вештини и докажувањето. Резултатите покажале дека интересно е да се живее со најмалите деца и дека тие имаат желба да ги забавуваат членовите на нивното семејство. Но, не само тоа, туку тие имаат и некои други карактеристики кои им помагаат да ја дефинираат својата личност. Во продолжение се прикажани четирите најпозитивни карактеристики кои ќе направат да се гордеете што сте најмал член во вашето семејство!
1. Тие се порешителни
За разлика од првите деца, кои автоматски ја заземаат улогата на водач помеѓу браќата и сестрите, најмалите деца повеќе се посветени на хуморот. Студијата била спроведена од Френк Саловеј, автор и истражувач на редоследот на раѓање. Уште се наведува и тоа дека тие имаат тенденција да пронајдат улога во семејството која сѐ уште не е откриена од нивните постари браќа или сестри. Исто така, за последниот роден член да го пронајде своето место, треба честопати да експериментира и да презема ризици, така што го зајакнува својот идентитет и своите таленти. Во своите истражувања Саловеј напишал дека тие честопати повеќе експериментираат и истражуваат, па се зајакнуваат нивните авантуристички и хумористични карактеристики.
2. Тие се поопуштени
Најмалите браќа и сестри имаат тенденција себеси да се гледаат порелаксирано. Овој резултат најчесто доаѓа од нивните родители кои имаат порелаксиран родителски пристап, затоа што веќе имаат искуство со постарите деца. Истражувањата исто така покажуваат дека постарите деца се чувствуваат поодговорни во споредба со помалите. Помладите членови немаат многу одговорности, па се чувствуваат повеќе опуштено и се во можност да го согледаат хуморот во она што ги опкружува.
3. Тие се дружељубиви
Според истражувањата на Саловеј, најмалите деца се посоцијални, сакаат забава и лесно создаваат пријатели. Тие учат како да манипулираат со другите и да ги контролираат ситуациите. Уште едно објаснување кое доаѓа од психологот и автор Кевин Леман, вели дека родителите се помалку загрижени откако ќе им се роди последното дете, а и помалку нервозни во споредба со моментите кога прв пат станале родители. Затоа, последно родените деца носат помалку одговорности отколку нивните постари браќа или сестри.
4. Тие се креативни
Додека одредени студии покажуваат дека постарите деца во просек имаат повисок коефициент на интелигенција, помалите најчесто се покреативни. Најверојатно причината за ова е што родителите посветуваат помалку внимание кога ги подучуваат нивните помали деца. Креативноста се смета за предност затоа што му дава на детето можност само да ги реши проблемите на еден оригинален и креативен начин, а ова понатаму влијае на изборот на професијата, при што овие личности се одлучуваат за креативни работни места како што е архитектурата, уметноста, дизајнот или пишувањето.
Па, бидете горди ако сте најмал член во семејството!