Истражувањата откриваат: Колку често треба да се туширате?

Истражувањата откриваат: Колку често треба да се туширате?

Хигиенските навики се различни кај сите луѓе. Постојат поединци кои се тушираат секој ден, луѓе кои се тушираат еднаш на секои два-три дена, а постојат и такви што делуваат како никогаш да не се бањаат. Но, колку често всушност треба да се туширате? Одговорот ќе ве изненади и веројатно нема да ви се допадне многу!

Истражувањата откриваат: Колку често треба да се туширате?

Компанијата за нега на кожа „Flint + Flint“ ги истражила навиките за лична хигиена на повеќе од 2.000 жени и дознала дека 57% од нив не се бањаат секој ден. Освен тоа, дали сте знаеле дека постои спреј кој го изостава амонијакот што го произведувате кога се потите? Дејв Витлок, генијалецот кој стои зад оваа идеја, тврди дека се нема туширано околу 14 дена. Досега не биле извршени истражувања на луѓе кои се тушираат секој ден и не постојат докази дека тоа е здрава навика.

Сепак, историски гледано, редовното миење раце спасило многу животи во минатото, така што тоа е доволен доказ за тоа колку е важно да се одржува личната хигиена. Меѓутоа, постојат и многу докази дека зачестеното туширање ја нарушува човечката микрофлора, односно бактериите, вирусите и другите микроорганизми кои живеат во и на нашите тела. Тие се многу значајни за нашето здравје и играат голема улога во одржувањето на имунитетот, дигестивниот систем и здравјето на срцето.

Но, што треба да направите кога по долгиот, топол ден конечно се прибирате дома и целите сте испотени, а и самите можете да ја почувствувате непријатната миризба? Истражувањата потврдуваат дека тоа се случува затоа што премногу сте ја нарушиле средината на микробите. Луѓето кои престанале да се тушираат секој ден велат дека кога телото ќе свикне на таквиот живот, порано или подоцна непријатната миризба исчезнува. Акните исто така се последица од нарушената микрофлора, што му противречи на општото верување дека лицето треба да се мие секој ден.

Дерматолозите д-р Џошуа Цајхнер и д-р Ранела Хирш објасниле дека нашата опсесија со туширање произлегува од културните убедувања, а не од здравствените, бидејќи според општествените норми доколку не се бањате, тоа значи дека не сте чисти. Вистината е дека доколку се туширате премногу често, особено со жешка вода, вашата кожа ќе се исуши, ќе предизвикате иритација, ќе ги уништите корисните бактерии кои се од големо значење за здравјето, а можно е и кожата да ви испука. Завршниот заклучок на дерматолозите е дека ако не се потите премногу, доволно е да се туширате еднаш на секои два-три дена.

Но, доколку имате физичка работа, живеете на место со топла и влажна клима или вежбате многу, секојдневното туширање е подобро решение. Кога вашето тело произведува вишок масти, тие можат да ги затнат порите и да предизвикаат акни. Ваквата средина е совршена за појава на штетни бактерии.

Доколку сепак претпочитате да се туширате еднаш дневно, не мокрете го целото тело туку фокусирајте се на деловите од каде што потекнува непријатната миризба, како на пример на пазувите. Уште поважно е да ја менувате долната облека секој ден. Истражувањата откриваат дека повеќе нечистотии оставаме на облеката што ја носиме отколку во туш кабината.

На крајот на краиштата треба да дознаете што функционира најдобро за вас и за вашето тело. Обрнете внимание на знаците што ви ги праќа телото и организмот и обидете се да ги пронајдете хигиенските навики што вам најмногу ви одговараат.

Во продолжение прочитајте и колку често треба да ја менувате мрежата за туширање за да ги избегнете бактериите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар