Истражувањата откриваат: Кои луѓе не читаат книги?

Истражувањата откриваат: Кои луѓе не читаат книги?

Според едно неодамнешно истражување, изминатава година 26% од возрасните Американци немаат прочитано книга во ниту една форма без оглед дали станува за печатена, електронска или аудио книга. Можеби ваквите резултати ви звучат неверојатно, но пред да почнете да ги осудувате овие луѓе, обидете се да ги разберете условите во кои тие живеат.

Истражувањата откриваат: Кои луѓе не читаат книги?

Добиените резултати откриваат дека многу карактерни особини на луѓето влијаат на тоа дали тие ќе читаат книги или не. Некои од овие особини не е возможно да се сменат, додека, пак, кај другите постојат потешкотии кои ја отежнуваат промената во зависност од околностите. Тука станува збор за расната припадност и возраста како и степенот на образование и финансиски приходи.

Една од информациите што се издвојува од останатите е дека кај мажите постои поголема веројатност да не читаат книги отколку кај жените. Тоа звучи малку чудно со оглед на фактот дека мажите доминираат во книжевниот свет. И покрај тоа жените попрво би прочитале книга што ја напишал некој маж и во неа главниот лик е маж за разлика од самите мажи.

Возраста, пак, нема големо влијание на тоа колку некој чита книги. Кај луѓето постари од 50 години постои само 6% поголема веројатност да бидат категоризирани како лица кои не читаат книги за разлика од луѓето на возраст од 18 до 49 години.

Освен тоа, не е никакво изненадување што степенот на образование има одредено влијание на читањето книги. Имено, 40% од луѓето со средно образование немале прочитано ниту една книга цела година, 19% од луѓето кои почнале, но не завршиле факултет и 13% од луѓето со завршен факултет.

Средината на живеење исто така влијае на бројот на прочитани книги. Податоците се следниве: 23% проценти од луѓето кои живеат во урбани средни, односно градови немале прочитано книга цела година, 26% од луѓето кои живеат во предградија и 32% од луѓето во рурални средини. Со други зборови, во руралните средини има најголем број луѓе кои не прочитале ниту една книга во изминативе 12 месеци.

Сепак, наивно е да се верува дека проблемот лежи само кај луѓето или книгите. Проблемот е многу голем и сложен и не треба да се занемарува, туку да се преземе нешто во врска со тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар