Истражувањата откриваат: Интуицијата е највисоката форма на интелигенција
Кога зборуваме за интуиција, не мислиме на способноста веднаш да се знае точниот одговор, туку на разбирањето која информација е безначајна и може да биде отфрлена со помош на инстинктот. Директорот на Институтот за човечки развој во Берлин, Герд Гигеренцер, го проучувал овој концепт многу долго време.
Неговата позната книга „Претчувства: Интелигенцијата на несвесното“ (Gut Feelings: The Intelligence of the Unconscious) ја објаснува интуицијата и во неа тој се претставува себеси како интуитивен и разумен. Тој користи примери од неговиот професионален и приватен живот. Во едно од интервјуата, Гер Гигеренцер изјавил дека додека работи на некои научни трудови, сама му доаѓа интуицијата. Не може да даде објаснување зошто се почувствувал на одреден начин, зошто верувал во одреден пат и зошто мислел дека треба да го следи. Но, имало нешто во него што го поттикнало да ја следи интуицијата. Според Гигернцер, тој може да пресмета и да провери дали овие интуиции се точни или погрешни. Кога станува збор за неговиот приватен живот, тој може да се потпре само на неговиот инстинкт. Не може да пресмета кога ја сретнал жена му за прв пат и кога ги почувствувал истите вибрации од спротивната насока.
Но, дали интуицијата може да се смета за форма на интелигенција? Замислете си ја следнава ситуација: Седите во просторија со неколку луѓе. Во овој случај, треба само да ѝ верувате на вашата интуиција. Немате можност да ја примените вашата интелигенција. Но, кога истражувате нешто и имате многу можности, се поставува прашањето: Што да одберете, а што не? Тука ќе треба да ја примените вашата интелигенција и токму вашиот инстинкт ќе ве насочи и ќе ви помогне да го разберете значењето на сите можности. Врз основа на тоа, ќе ги одбирате понудените опции.
Интуицијата може да се смета за разбирање на „колективната интелигенција“. На пример, организацијата на сите веб-сајтови е направена на интуитивен начин. Веб-сајтовите нудат лесен начин на навигација и пристап до информации. Но, ова не се случило одеднаш. Долгогодишните проблеми го поплочиле патот за развој на општото знаење и главните елементи полека се одделиле од дополнителните информации. Пример за тоа е категоријата „За нас“ на веб-сајтовите којашто ги содржи основните детали за страницата. Другите категории даваат дополнителни информации.
Колку повеќе истражувате, толку посилна интуиција ќе имате. Земете ги астрономите како Кеплер и Галилео за пример. Тие работеле со години и без никакви видливи докази можеле да потврдат одредени факти за универзумот. Тие учеле целиот нивен живот, истражувале и дошле до одредени сознанија со помош на нивната интуиција. Општеството не им верувало, но тие се бореле за нивните откритија. Дури и големиот научник Алберт Ајнштајн верувал во интуицијата и ја сметал за дарба.
Во денешно време, многу влијателни луѓе мислат дека интуицијата е глупост и дека не треба да се водиме според нашите претчувства. Меѓутоа, тоа не е вистина и научниците успеале да најдат докази кои го докажуваат спротивното. Разумен и интуитивен ум е она што ни треба за да постигнеме личен напредок, да дадеме свој придонес во општеството и да го разоткриеме универзумот.
Во продолжение, прочитајте ги овие 8 силни знаци дека сте изгубиле контакт со вашата интуиција.