Истражувањата откриваат: Црвеното вино и чоколадото се фонтаната на младоста!

Истражувањата откриваат: Црвеното вино и чоколадото се фонтаната на младоста!

Луѓето постојано се опседнати со последиците на телото што ги предизвикува стареењето и се надеваат дека современата наука ќе им помогне да ги забави знаците и на тој начин да им овозможи да останат млади подолго време.

Истражувањата откриваат: Црвеното вино и чоколадото се фонтаната на младоста!

Додека некои луѓе вложуваат пари во ботокс, креми против стареење, ласерски третмани и хемиски пилинзи, некои се обидуваат да најдат поприродни опции. Многу поединци сакаат да ги одбегнат штетните хемиски и хируршки зафати и за таа цел ги проучуваат хемикалиите и состојките што се присутни во секојдневната храна и пијалаци. Па, така постојат истражувања кои дошле до фасцинантни резултати.

Едно неодамнешно истражување од Универзитетот во Брајтон открило дека состојката наречена ресвератрол може да доведе до „младешки“ изглед со тоа што ги подмладува старите клетки во телото и им овозможува да изгледаат и да се однесуваат како млади клетки.

Како што старееме, нашите клетки почнуваат да ги губат заштитните теломери кои се наоѓаат на краевите од секоја ДНК нишка во телото, поради што нишките се оштетуваат и им ја попречуваат работата на нашите клетки. Како последица од тоа, клетките не можат да се обноват по регуларните оштети што им се случуваат во секојдневниот живот. Истражувачкиот тим открил дека откако старите клетки биле изложени неколку часа на ресвератрол, тие развиле посилни, подолги теломери и почнале да се делат. Тоа, пак, ги намалува брчките и сите други знаци на стареење, правејќи ја кожата мазна и здрава.

Доколку не сте слушнале за состојката ресвератрол, таа може да се најде во голем број видови храна, како што се црвеното вино и темното чоколадо. Таа исто така може да се најде и во боровинките, грозјето, кикириките, брусницата и ф’стакот. Ако редовно јадете храна богата со ресвератрол, ќе можете да ги ублажите знаците на стареење и да го задржите вашиот младешки изгледи. Сипете си чаша вино и уживајте!

Доколку виното и чоколадото не се за вас, обидете се да го приготвите овој рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар