Истражувањата откриваат: Човекот поминува помалку од 1% од својот живот во вежбање
Кога станува збор за живеењето здрав живот, тогаш јадењето добро балансирана диета, здравата исхрана и физичката активност се најдобрите начини да го направите тоа. Но, анкетите спроведени месецов, во неколку земји ширум светот, сугерираат дека повеќето луѓе го поминуваат поголемиот дел од времето гледајќи во екрани наместо да се движат и да бидат активни.
Анкетата, спроведена од компанијата за односи со јавноста „Censuswide“ во партнерство со компанијата за производство и продажба на спортска опрема „Reebok“, испитале 9.000 возрасни луѓе од Америка, Велика Британија, Германија, Франција, Мексико, Русија, Кореја и Шпанија. Во неа се анализирало сѐ, почнувајќи од посветеноста на фитнесот до користењето на технологијата, па дури и сексуалните односи. Резултатите биле изненадувачки.
Според статистичките податоци, просечниот испитаник поминувал само 180 дена во вежбање, од вкупно 25.915 дена. Само 4.320 часа ги поминувал во салата за вежбање, во трчање, планинарење, вртење, вежбање јога или која било друга физичка активност во текот на целиот негов или нејзин живот.
Испитувачите велат дека ако вежбате само 1 час дневно, за цела година или 365 дена, тоа се 3.650 за 10 години, 7.300 за 20 години и кога го имате целиот живот пред вас, тогаш тој 1 час не значи ништо, ниту претставува пречка за секојдневните активности.
Најдобрите вести е тоа што во оние денови кога не можете да издвоите 1 час за да вежбате, минутите поминати во која било друга активност – независно дали е шетање, трчање да се стигнете до автобусот, пешачење до работното место и слично, се сметаат во крајниот резултат. Според истражувањето, просечниот човек во текот на неговиот или нејзиниот живот се искачува до Монт Еверест и назад 45 пати и ја трча должината на Земјината оска два пати.
На крајот, овие резултати стојат како мал потсетник да направите активни промени во својот живот и ако сѐ уште не сте сигурни, тогаш разгледајте ги следниве податоци од анкетата:
- 41% од времето, луѓето го поминуваат во контакт со технологијата
- 29% од времето го поминуваат седејќи
- 6,8% од времето го поминуваат социјализирајќи се со саканите
- 0,45% од времето го поминуваат стапувајќи во интимен однос
Затоа, истражувачите советуваат да ги исклучиме компјутерите, да ги оставиме телефоните, да станеме и да започнеме да се движиме.