Истражувањата откриваат: Алкохолот го продолжува животот!
Што треба да направите за да живеете повеќе од 90 години? Да се храните здраво? Да вежбате редовно: Најверојатно, но ќе ви треба и малку вино. Барем така велат истражувањата спроведени на Универзитетот во Калифорнија кои ги испитувале 90-годишниците во САД од 2003 година.
Истражувачите ги анализирале дневните навики на 1.700 луѓе на возраст над 90 години и откриле дека кај оние кои консумирале околу 2 чаши пиво или вино дневно постоеле 18% помали шанси дека ќе доживеат предвремена смрт.
Но, зошто е тоа така? Причината не е баш јасна. Според авторот на истражувањето, доктор Клаудија Кавас, умереното пиење алкохол го продолжува животниот век. Кои сме ние за да се сомневаме во нејзините зборови?
Да наздравиме во име на овие откритија!
Доколку сте љубители на алкохолните пијалаци, сигурно ќе ви се допадне и откритието дека алкохолот може да ви помогне да научите нов јазик.