Истражувањата ни покажуваат зошто атрактивните жени имаат помал број сексуални партнери

Истражувањата ни покажуваат зошто атрактивните жени имаат помал број сексуални партнери

Атрактивните жени најчесто имаат помал број сексуални партнери. Ова го открило едно доста интересно истражување, според кое се заклучило дека атрактивните жени се склони кон подолги врски, за разлика од атрактивните мажи, кои се склони кон сексуални авантури и ретко кога се посветени на подолготрајни љубовни односи.

1-ova-istrazhuvanje-dokazha-atraktivnite-zheni-imaat-pomal-broj-na-seksualni-partneri-www.kafepauza.mk_

Ако се прашувате зошто, следи и одговорот. Атрактивните жени се поуспешни во поставувањето на правилата, односно тие се подоминантни од мажите, па и тоа е една од причините зошто остануваат во долги врски. Истото не важи и за мажите, бидејќи колку поатрактивни се за женскиот пол, толку е поверојатно дека ќе имаат голем број партнерки. Истото истражување покажало и дека атрактивните жени избираат партнери кои се подеднакво атрактивни, но и оние кои имаат сличен материјален или социјален статус.

Со други зборови, спротивно од вреженото мислење и од она што секојдневно го гледаме на малите и големите екрани, каде што атрактивната жена е во врска со помалку привлечен, но богат маж, истражувачите сметаат дека таквите љубовни врски не се вообичаени помеѓу општата популација, за кое и тоа како се дискутирало. Што велите за овие резултати?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар