Истражувањата ни покажуваат колку треба да ослабиме за луѓето да забележат
Кога станува збор за слабеење, вашиот фокус може да биде на стомакот, задникот или бутините, но првото место каде што тоа се забележува е токму на лицето. Со најновото истражување на оваа тема, научниците откриле точно колку килограми треба да ослабите за луѓето да почнат да забележуваат разлика во вашиот изглед, како и која е идеалната тежина за да бидете сметани за привлечни. Да, станува збор за два сосема различни концепта.
Изгледа лицето може да каже многу нешта за тоа што се случува во нашето тело.
„Тоа може да кажува многу нешта за вашето здравје“, вели коавторот на студијата, Даниел Ре.
Покрај тоа што ви нуди знаци за имунитетот, кардиоваскуларното здравје и нивото на стрес, лицето може да биде добар индикатор за вашата тежина и индексот на телесна маса (BMI). Ако сте со преголема тежина, масните области во образите ќе предизвикаат да изгледате подебело. Ако имате премала тежина, недостатокот на истите масни области ќе направат да изгледате преслабо.
Здравиот индекс на телесна маса изнесува помеѓу 18,5 и 24,9. Според студиите, повеќето луѓе сакаат да набљудуваат лица што се поврзуваат со пониската вредност на оваа категорија. Доколку не го знаете вашиот индекс на телесна маса, можете да го откриете тука.
„Токму здравата тежина е тоа што луѓето најмногу преферираат да го гледаат“, вели Ре.
Доколку сакате да се забележи слабеењето на вашето лице, тогаш треба да го промените вашиот индекс на телесна маса за 1,33 поени. Тоа значи дека мажите и жените со просечна висина, треба да изгубат или да качат 3,5 односно 4 килограми. Во студијата, просечната висина за жените била 164 сантиметри, а за мажите 177 сантиметри.
Но, само затоа што луѓето забележале промени во вашата тежина, не значи и дека автоматски ќе им станете поатрактивни. Токму затоа и за вториот дел од оваа студија, научниците се обиделе да измерат колку килограми треба да изгубите за да го подобрите вашиот изглед.
За вашето лице да биде поатрактивно, вие треба да го спуштите вашиот индекс на телесна маса за 2,5 поени. Тоа значи дека жената и мажот со просечна висина треба да изгубат 6 килограми, односно 8 килограми. Во студијата, личностите со најатрактивни лица имале индекс на телесна тежина 19 (жени) и 24 (мажи). За жена и маж со просечна висина, тоа значи тежина од 50 килограми, односно 74 килограми.
Имајте на ум дека и брзината со која губите тежина може да влијае на фактот дали другите ќе го забележат тоа или не.
„Брзото губење тежина може да биде многу позабележливо за оние околу вас отколку бавното – најмногу поради фактот што луѓето се адаптираат на вашиот изглед со тек на време“, завршува Ре.