Истражувањата покажаа: Ова е најдобриот комплимент кој може да ѝ го упатите на жена
Тешко дека нема да бидете поласкани кога некој ќе ви каже дека одлично ви стојат новите фармерки, фустан или штикли. Плус, кој не сака да слушне убав збор за себеси? Но, во морето од комплименти, жените сепак преферираат еден комплимент пред сите останати.
Едно британско истражување покажа дека дури 60% од испитаните жени сакале да чујат дека изгледаат младо и тој е комплиментот кој најмногу ќе им се допадне и ќе им влее најголема самодоверба. Студијата исто така покажа дека 41% од испитаниците навистина сакат да бидат млади, додека 62% од нив активно работат на забавување на процесот на стареење, користејќи разни природни и козметички препарати.
Исто така, се докажало дека жените со 39,5 години чувствуваат најголем стрес поради стареењето, затоа што се грозат од 40-тиот роденден. Наспроти тоа, најголема самодоверба со својот изглед имаат жените кои наполниле 55 години.