Истражувачите открија која е тајната на долгите трепки!

Истражувачите открија која е тајната на долгите трепки!

Ви се верува или не, неодамнешни истражувања покажале дека должината на трепките влијае на тоа дали спротивниот пол ве доживува како потенцијален партнер или не.

Истражувачите открија која е тајната на долгите трепки!

Дали некогаш сте биле сведок на ситуација кога повеќемина се обидувале да го привлечат вниманието на една иста личност – иако никој од нив не бил романтично заинтересиран за неа? Според научниците, понекогаш, овој интерес се должи токму на должината на трепките.

Како вештачките трепки влијаат врз привлечноста?

Ејми Адам во „Убавината е во очите на набљудувачот“ (2021) го истражувала влијанието на трепките врз привлечноста. Таа открила дека некои аспекти на физичката привлечност се поврзани со културата и времето во кое живееме, а други, пак, служат како показател за здравјето, младоста и плодноста.

Исто како и косата, така и трепките се менуваат со текот на времето и можат да послужат како знак за плодност, при изборот на партнер. Во текот на истражувањето, Адам ја анализирала должината на трепките и кај мажите и кај жените. Таа открила дека жените (но не и мажите) со подолги трепки се сметаат за поженствени, попривлечни и поздрави.

Што се однесува до возраста, таа открила дека постарите жени имаат повеќе корист од долгите трепки отколку помладите, но исто така забележала и дека преку должината може да ја процениме возраста на една жена.

Лична трансформација

Нејзиното истражување покажало и дека машките испитаници за попривлечни ги избирале жените чии трепки се подолги. Ова оди во прилог на практиката за истакнување на трепките која се практикува повеќе од 4.000 години, почнувајќи од древниот Египет. Во средновековниот период, пак, се сметале за знак на прекумерна сексуалност, па жените ги отстранувале од нивните лица.

Истражувањето сугерира дека подолгите трепки се „надворешен знак на здравје и женственост и затоа можат да се толкуваат и како знак на плодност“, а не само како „произволен избор на поединецот“.

Според Адам, трепките се само една од карактеристиките што може да влијаат врз нашата перцепција за возраста и привлечноста. Таа смета дека другите надворешни знаци како што се косата (боја, должина и сл.) и брчките, имаат поголемо влијание врз перцепцијата на знаците на старост. Додава дека без овие надворешни знаци, должината на трепките не може да влијае врз нашата перцепција за возраста, особено кај постарите жени.

Трепките не се најзначајниот фактор

Според ова истражување, трепките можат да влијаат и врз социјалната интеракција, но таквите наоди треба да се анализираат во зависност од контекстот. На пример, во слично истражување од 2019 година, истражувачите ги елиминирале другите важни фактори кои влијаат врз изгледот како бојата на косата, должината и стилот.

Дошле до заклучок дека помладите жени изгледаат постаро со шминка, а додека повозрасните жени можат да изгледаат помладо благодарение на шминката. Но, за да се добие целосна слика, потребно е сите елементи да се истражат докрај.

Можеби долгите трепки се привлечни, но не заборавајте и дека добрината, сочувството и харизмата се особини кои влијаат на привлечноста, без оглед на должината на трепките.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и 7 стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно денес.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар