Историјата на терминот ОК

Историјата на терминот ОК

Терминот „ОК“ во денешно време се среќава многу често во секојдневниот говор, но никогаш не му се придава големо значење на неговото потекло. Верувале или не, ова зборче има многу занимлива и мистериозна историја.

Историјата на терминот ОК

Постојат неколку теории кои ги објаснуваат корените на ОК, но најприфатената е дека тоа настанало од  скратување на два збора од кои ни еден од нив не почнува на „о“ и на „к.“ Повеќете историчари се согласуваат дека ОК значи „точно“ или „сè е точно“ според англиското „all correct“, поради што најчесто го употребуваме овој збор кога сакаме да искажеме согласност, одобрување или едноставно само да му дадеме до знаење на нашиот соговорник дека сè е во ред.

Скратената верзија на овој термин се појавила во 1830-те години, кога било популарно да се употребуваат кратеници наместо целосните зборови во разговор. На пример, во тоа време во Америка многу често се употребувале термините како „OFM“ наместо „our first men“ (нашите први мажи) или пак, „SP“ наместо „small potatoes“ (мали компири).

Овој несекојдневен тренд започнал во Бостон и се проширил низ целиот Запад. Набрзо потоа било во „мода“ да се употребуваат кратенки од зборови кои се намерно погрешно спелувани, како „NC“ што претставувало кратенка од изреката „nuff ced“ наместо „enough said“ (доволно е кажано). Што се однесува до познатото ОК, се верува дека започнало на сличен начин, како кратенка од изреката  „oll korrect“ која во 19-ти век луѓето ја сметале за многу смешна бидејќи ниту „all“ ниту пак „correct“ не се точно спелувани.

Историјата на терминот ОК

Голем број од кратенките кои настанале во 1830-те и 1840-те не го поминале тестот на времето, но ОК набрзина се проширил низ целиот свет каде што неговата популарност и ден денес расте. Една од причините за наглото зголемување на популарноста на ОК, доаѓа и од кампањата на кандидатот за претседателското место во Америка, Мартин Ван Бјурен, кој го употребил за време на гласањата во 1840 година. Во овој случај терминот ОК го претставувал неговиот прекар „Old Kinderhook“ (тој потекнувал од Киндерхук, Њујорк).

Што мислите, кои кратенки кои често ги употребуваме во денешно време би можеле да се задржат толго долго во говорниот јазик како зборчето ОК?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Baze Reply

    Ne toa bilo americkata vojska koga se vrakala od vojna i koga nemalo nikoj umren se pojavuvale so transparent 0K ili zero kill

    • Ivi Reply

      Da, taka e

  2. eli Reply

    bi mozelo omg ( oh my god) lugeto cesto go upogtrebuvaat ili lol ( laughing out loud), i uste mnogu drugi kratenki no mislam deka ovie se najupotrebuvani

  3. ema Reply

    Ima uste edna teorija za zborot, koja veli deka pri krajot na vojnata koga trebale da se prebrojuvaat mrtvite, ako nemalo zrtvi vikale zero (0) killed, sto bi bilo ‘ok’ deka se e vo red ako nikoj ne e povreden :))

    • Име Reply

      Tocno. Po zavrsuvanjeto na nekoja bitka, OK znacelo deka bitkata e dobiena bez zrtvi.

  4. H.H. AMINTA IV Reply

    da, taka e: OK znaci nula “O” ubieni “K”ild
    i e od vremeto na graganskata vojna, koga na vojnite tvrdini istaknuvale belo zname so OK–znaci toj den nemale gubitoci

Остави коментар