Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Голем дел од автомобилските логоа, кои биле создадени за време на подемот на автомобилската индустрија, претставуваат конкретни теми или идеи зад кои се кријат интересни приказни.

Духот на екстазата, Ролс Ројс

Логото кое се наоѓа на хаубата на секој Ролс Ројс е исто толку екстравагантно како и самиот автомобил. Сепак, потеклото на „Духот на екстазата“, лого кое е познато и како „Сребрената дама“ или „Летечката дама“, е прилично скандалозно. Првото лого било дизајнирано за автомоблиот на Џон Волтер Едвард Монтагу, вториот барон Монтагу од Болие и уредник на списанието Car Illustrated во почетокот на 1900-тите години. Дизајнер на логото бил скулпторот Чарлс Робинсон Сајкс, кој идејата за женската фигура ја добил од Еленор Веласко Торнтон, секретарка и не толку тајна љубовница на баронот. Првичното лого претставувало женска фигура облечена во лесна облека која го држи прстот на усните што всушност ја означува тајната љубов на баронот и секретарката. Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Амблемот во венец, Кадилак

Кога Вилијам Марфи и Хенри Леланд во 1902 година ја основале компанијата Кадилак, тие сакале да му изразат благодарност на основачот на Мотор Сити, Антоан де Кадилак. Марфи и Леланд не го искористиле само неговото име, туку и грбот кој го регистрирале како трговска марка во 1906 година. И додека модерното лого вклучува венец и чист дизајн, првичната верзија опфаќала две групи од по три патки кои го симболизирале Светото Тројство и круна со девет врвови кои ги означувале античките точки на Франција. Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Црниот пастув, Ферари

Црниот пастув на златна позадина за првпат се појавил во 1932 година на Гран При трката во Белгија, но на автомобилите од компанијата Алфа Ромео. Истиот амблем се појавил и многу порано, за време на Првата светска војна, кога ги красел борбените авиони управувани од италијанскиот гроф Франческо Барака, познат како „кавалер на небото“. По смртта на пилотот, неговата мајка му го претставила амблемот на Енцо Ферари кој ја направил позадината жолта и ги додал боите на италијанското знаме. Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Змијата на Алфа Ромео

Логото на Алфа Ромео е креирано од страна на еден италијански сликар во 1910 година и претставува комбинација на два симбола од раниот период на Италија. Од десната страна се наоѓа „biscione“, односно змија која јаде луѓе, која се наоѓала и на грбот на средновековниот благороднички ред Висконти. Од левата страна, пак, има црвен крст на бела позадина кој истовремено е и амблем на Милано. Логото било редизајнирано во 1918 година, кога бил додаден темносин прстен околу него на кој биле напишани зборовите „Алфа“, „Ромео“ и „Милано“. Конечниот изглед логото го добило во 1970 година. Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Ѕвездата со три крака, Мерцедес Бенц

Откако „Мерцедес“ станало официјално трговско име за автомобилската групација „Дајмлер-Мерцедес“, компанијата побарала дефинирање на логото. Во 1909 година, Пол и Адолф Дајмлер, синови на основачот на компанијата Готлиб Дајмлер, ја презентирале идејата за користење на ѕвездата како симбол за амблем на автомобили. Готлиб Дајмлер, кој прво работел како технички директор во Келн, ја нацртал ѕвездата на една разгледница која ѝ ја испратил на сопругата. Во разгледницата пишувало дека ѕвездата означува напредок и дека еден ден ќе сјае на неговата фабрика. Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Рондото на БМВ

Монгумина ја знаат приказната за логото на БМВ на кое белиот пропелер се врти кон синото небо. Но, ова објаснување е чиста заблуда. Рондото всушност е комбинација од црн круг на кој е напишано името на компанијата и слики кои личат на сините и белите дијаманти од знамето на слободната Баварска држава. Сепак, шемата на боите на дијамантите е обратна од онаа на знамето затоа што во тоа време било забрането националните симболи да се користат како трговски марки. Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Панделката на Шевролет

Препознатливата панделка на Шевролетот е креација на Вилијам Дурант, ко-основачот на Џенерал Моторс и Шевролет. Но, постојат различни приказни за настанувањето на логото. Најприфатена е верзијата според која Дурант бил инспириран од шарата на тапетот во еден хотел во Париз. Сепак, неговата ќерка во книгата „Мојот татко“ ќе напише дека Дурант ја добил идејата за логото за време на една вечера кога ги погледнал супата и пилешкото месо. За разлика од неговата ќерка, сопругата на Дурант во едно интервју изјавила дека тој го забележал логото додека читал весник во хотелска соба во Вирџинија. Историјата на најпознатите автомобилски логоа

Стрелата на Понтијак

Џенерал Моторс за првпат го пуштил Понтијак во употреба во 1926 година, како придружна марка на својата автомобилска линија во Оукленд. Зборот „Понтијак“ потекнува од американско–индијанскиот главатар Понтијак кој кренал неуспешен бунт против Британците. Оваа референца посебно се однесувала на оригиналното лого кое личело на американско–индијанска капа. Ова лого било во употреба сè до 1956 година, кога било заменето со препознатливата и стилизирана црвена стрела со сребрена ѕвезда во средината. Историјата на најпознатите автомобилски логоа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар