Историјата на кондомот

Историјата на кондомот

Кондомот е најчесто употребувано заштитно средство кое се користи при сексуален однос. Познато е дека штити од несакана бременост и полово преносливи болести, но колку е познато неговото настанување?Историјата на кондомот

  • Во периодот помеѓу 13.000 и 10.000 години п.н.е. за прв пат е забележана употребата на кондомот, и тоа на една слика во француската пештера Grotte des Combarrelles.
  • 1.000 години п.н.е. Египќаните носеле таканаречени „ленени обвивки“. Сè уште не е докажано дали тие обвивки служеле како заштита или биле дел од обреден ритуал.
  • Веќе во периодот помеѓу 1300 и 1500 година од нашата ера, започнале да се користат посебен вид кондоми кои ја покривале само главата на пенисот. Овие кондоми ги користеле само членовите на повисоките класи за да се заштитат од несакана бременост.
  • Во 16 век, Габриел Фалопиус открил дека „ленените обвивки“ штитат од француската болест De Morbo Gallico, која била слична на сифилисот.
  • Во 1605 година, католичкиот теолог Леонардус Лесиус го објавил делото „De iustitia et iure“ во кое ги осудил кондомите како неморални.
  • Во 1666 година, Англиската комисија за следење на наталитетот за прв пат го употребила зборот „кондом“ .
  • Кон крајот на 17 век, холандските трговци им го претставиле на Јапонците првиот кондом изработен од фина кожа.Историјата на кондомот
  • Во 18 век, потеклото на зборот „кондом“ сè уште било непознато. Се претпоставува дека постоел извесен доктор со име Кондом, кој го снабдувал кралот Чарлс Втори со обвивки од животинско потекло. Од друга страна, зборот „кондом“ во латинскиот јазик означува „приклучник“ или „кутија“.
  • Во 1708 година, војводата Џон Кемпбел побарал од Парламентот кондомите да станат илегални. Барањето било одбиено.
  • Во 1717 година, англискиот физичар Даниел Тарнер го изразил своето незадоволство од кондомот, така што објавувал аргументи против неговата употреба. Тарнер сметал дека кондомот не штител доволно од сифилис и ги охрабрувал мажите да не користат кондом затоа што тој им го скратувал задоволството.Историјата на кондомот
  • Околу 1774 година, во дневниците на Џакомо Казанова, квалитетот на кондомот бил најважен. Пред употреба, Казанова ги дувал кондомите за да утврди дали имаат дупки.
  • Во 1840 година, во британските весници се појавиле првите реклами за кондоми. Истата година, во сиромашните квартови во Англија и Америка биле поделени упатства за употреба на кондоми.
  • Во 1844 година, компаниите Goodyear и Hancock започнале со масовно производство на кондоми од вулканизирана гума, која истовремено била поцврст и поеластичен материјал.
  • Во 1855 година, бил произведен првиот кондом од гума.
  • Во 1861 година, во Америка за прв пат била објавена реклама за кондоми, во весникот Њујорк Тајмс.Историјата на кондомот
  • Во 1873 година, во обид да се озакони моралот, бил усвоен Законот на моралистот Комсток. Со тоа на поштата ѝ било дозволено да конфискува кондоми продадени преку пошта.
  • Во 1880 година, бил произведен првиот латекс кондом, но не бил наменет за употреба од страна на пошироката јавност.
  • Во 1889 година, во Ирска било забрането рекламирањето на кондоми. Производството и употребата на кондоми во Ирска биле илегални сè до 1970 година. Кон крајот на оваа година, зборот „гумичка“ станал еуфемизам за кондом ширум светот.
  • Во 1890 година, Јулиј Шмид, сопственик на истоимената компанија, бил уапсен во својот дом од страна на викторијанскиот моралист Ентони Комсток, затоа што поседувал повеќе од 700 кондоми во својот дом.
  • Во текот на 1890-тите години, бројот на полово пренослови болести во Америка вртоглаво се зголемил. Според Законот на Комсток, причини за тоа биле Граѓанската војна и избегнувањето на употреба на заштита. Подоцна, кондомот бил познат како „машки штит“ . Феминистките побарале со средствата за контрола на раѓањето да раководат жените, а ги негирале методите што ги користеле мажите, како што бил кондомот.
  • Кон крајот на 1890-тите години, за прв пат и официјално било воведено сексуалното образование. Главна тема биле венеричните болести и начинот на кој тие се пренесуваат. Целта на сексуалното образование била да се активира апстиненцијата од секс, како единствен начин на одбегнување на полово преносливите болести.
  • На почетокот на 20-от век, во Америка била забранета употребата на кондоми. За време на Првата светска војна, ова резултирало со најголема стапка на полово преносливи болести – дури 70%. Затоа пак, веќе за време на Втората светска војна, Владата била таа која ги промовирала кондомите и нивната употреба.Историјата на кондомот
  • За време на Првата светска војна, преку експерименти било докажано дека кондомите го намалуваат ризикот од полово преносливи болести.
  • Во 1918 година, Американскиот суд ја поништил пресудата против Маргарет Сангер, со образложение дека кондомите може легално да се рекламираат и да се продаваат заради превенција од болести.
  • Во 1920 година, кондомите биле рекламирани заедно со цигарите. Англиската црква ги осудила сите „неприродни“ значења на концептуалното избегнување. Подоцна, била приозведена подобрена верзија на кондомите од марката „Тројан“.
  • Во текот на 1930-тите години, британскиот еуфемизам за кондом бил „нешто мало за викендот“. Фред Килиан ја патентирал првата линија на автоматски произведени кондоми.
  • Точно во 1930 година, Англиската црква ги санкционирала средствата за контрола на раѓањето, само за брачните парови.
  • Во 1931 година, кондомите биле задолжителни за секој член на американста војска. Федералниот совет на црквите во Америка почнал да ги следи стапките на Англиската црква. Како одговор на тоа, Римската католичка црква ги забранила сите средства за контрацепција.
  • Во 1932 година, лондонската компанија за гума била прва во Европа која започнала со масовно производство на латекс кондоми. Тоа била познатата марка „Дурекс“.
  • Во 1935 година, биохемичарите тестирале 2.000 кондома, така што ги полнеле со воздух и вода. Дури 60% од кондомите протекувале.
  • Најпосле, во 1937 година, донесена е одлука секој кондом посебно да се тестира пред да биде спакуван.
  • Во 1938 година, во Америка, во повеќе од 300 гинеколошко – акушерски болници кондомите им биле разделувани на сиромашните жени.
  • Во периодот од 1955 до 1965 година, најупотребувано контрацепциско средство бил кондомот.
  • Во 1957 година, „Дурекс“ го претстави првиот лубрикантен кондом.Историјата на кондомот
  • Во првата половина на шеесетите години од 20-от век, Јапонците најмногу го употребувале кондомот, сметано по глава на жител, во споредба со сите останати нации. За време на сексуалната револуција, употребата на кондоми значително се намалила и многу млади практикувале слободна љубов, без употреба на кондом.
  • Во 1965 година, Врховниот суд на Америка укинал еден од законите на Комсток. Судот сметал дека е противзаконски да се одбие пристапот до контрацепциски средства затоа што тоа е право на сопствен избор.
  • Кон крајот на 1960-ите години, квалитетот на секој кондом е загарантиран според светските стандарди.
  • Во 1979 година, започнале да се прикажуваат реклами за кондоми и на ТВ каналите.
  • Во 1981 година, во весникот Њујорк тајмс била објавена првата сторија за случај на заразен со СИДА. Претседателот Роналд Реган продолжил со сексуалното образование според кое, апстиненцијата е единствениот начин за заштита од полово преносливи болести.
  • Во 1983 година, започнале да се делат едукативни материјали по домовите. Поштата ги доставила сите материјали до Врховниот суд и се повикала на Законот според кој, се забранувало доставување на несакани рекламни материјали за контрацепција. Врховниот суд во Америка ја оценил оваа постапка на Поштата како насилно спречување на слободниот говор.
  • Подоцна, во периодот помеѓу 1980-та и 1990-та година, бил идентификуван ХИВ – вирусот, а специјалистите потврдиле дека освен апститненција, латекс кондомот претставува одлична заштита од овој вирус.
  • Започнувајќи од 1990 година, постепено почнале да се појавуваат различни видови кондоми, како што се кондомите во боја, ребрастите кондоми, кондомите со вкус, како и првиот полиуретански кондом.
  • Во 1994 година, рекламите за кондоми од застрашувачки станале хумористични.
  • Во 1997 година, „Дурекс“ била првата марка на кондоми која имала официјална интернет страница.
  • Во 2009 година, Ansell Healthcare, производителот на „Лајфстајл“ кондомите, го презентирал кондомот X2 премачкан со лубрикант за подобрување на ерекцијата.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар