Исповед на загрижена мајка: „Сите ѝ кажуваат на помладата ќерка дека е убава, а постарата е сè потажна“
Тажно, но вистинито е дека живееме во свет во кој изгледот е навистина важен. Критиките на сметка на физичкиот изглед се постојани, но уште полошо е што со ова не се соочуваат само возрасните, туку и децата.
Една мајка на две девојчиња раскажала за нејзиниот проблем со којшто се соочувала веќе некое време. На еден американски форум, таа ја споделила нејзината загриженост за лошото влијание врз нејзините мали ќерки.
Жената открила дека нејзината помалата ќерка, која има една и пол година и која била навистина убаво дете, постојано добивала комплименти за нејзиниот изглед од пријателите и семејството. Во оваа ситуација страдала постарата тригодишна ќерка.
Во емотивната објава на форумот, жената објаснила како мисли дека нејзините деца се неверојатни во секој поглед. Но, повеќето луѓе биле заинтересирани за нејзиното поатрактивно, помладо дете. Поради ова, таа била загрижена какво е влијанието на оваа ситуација врз нејзините ќерки и нивниот однос.
„Плитко е тоа што луѓето постојано коментираат колку е прекрасна и убава мојата помлада ќерка, а тоа навистина почнува да остава трага на постарата.
Вчера бевме на семејна забава и тројца луѓе во разни ситуации коментираа за помладата ќерка, а во две ситуации со нас беше и постарата. Страв ми е дека таа ќе почне да го забележува тоа, а не сум сигурна како да го решам. Минатата недела помладата ќерка се преправаше дека разговора со баба ѝ на измислен телефон, што ми беше навистина симпатично, па ѝ реков дека е слатка. На ова, постарата ќерка истрча од дневната соба викајќи: ‘И јас сум слатка’“, напишала загрижената мајка.
Жената додала дека воглавно не го коментирала изгледот, туку им кажувала на ќерките дека се паметни, смешни, љубезни… Сепак, ѝ било страв дека кога-тогаш, изгледот на девојката станува можеби најважната карактеристика.
„Имам намера да имам само две деца и се плашам дека поради таквите мали разлики меѓу нив, овие коментари ќе имаат лошо влијание врз самодовербата на постарата ќерка, доколку не се поставам добро.“
Жената побарала и совет како да ја реши ситуацијата пред да биде предоцна. Многу жени ѝ одговориле, а некои кажале и дека биле на местото на едната од нејзините ќерки.
„Целосно те разбирам. Имам 5-годишен син и 2-годишна ќерка и многу луѓе коментираат колку е таа слатка и убава. Свесна сум дека тоа го слуша и мојот син.“
„За жал, не можеш да им речеш на луѓето за тоа и да бараш да не кажуваат такви работи, бидејќи тоа дополнително ќе нагласи што му фали на едното дете. Најдобро е весело да се заблагодариш и додај како имаш две преубави ќерки, полни со добрина и љубов.“
Една жена напишала дека била најстара од нејзините три сестри и дека изгледа нормално, додека нејзините сестри биле вистински убавици.
„Мислам дека отсекогаш сум била свесна за мојот и изгледот на сестрите и со текот на времето едноставно го прифатив тоа. Мислам дека тоа не може да се сокрие од децата. За жал, луѓето не размислуваат за тоа какви се последиците од нивните зборови. За жал, светот е едноставно таков.“
Погледнете и кои се речениците кои родителите никогаш не треба да им ги кажат на своите деца.