Исповед на една млада жена: „Се чувствував како да заслужив да имам рак на дојка“

Исповед на една млада жена: „Се чувствував како да заслужив да имам рак на дојка“

Оваа жена открила дека има малигни тумори во нејзините гради уште на 31-годишна возраст. Најпрво забележала дека бојата на ареолата се променила од здрава розова во проѕирно бела, додека кожата наоколку била променета. Ова е нејзината исповед:

Исповед на една млада жена: Се чувствував како да заслужив да имам рак на дојка

„Иако најпрво не ми изгледаа како класични симптоми на рак на дојка, решив сепак да посетам лекар, бидејќи имам семејна историја со карцином. Токму поради тоа, докторката се насмеа и ми рече ‘Можеме да ја отстраниме, чисто за да бидеме сигурни дека е во ред’. Болеше кога ме прегледуваа со ултразвучниот апарат, особено околу ареолата и накај пазувите. Очајно гледав во екранот и тогаш здогледав една црна сенка. Потоа уште една. Видов и трета. Само еден час подоцна седев и ги слушав лекарите. Тие грутки биле таму веќе извесно време и веќе напреднале и зафатиле и околни ткива.

Кога првпат влегов кај онкологот, ме праша: ‘Што прави девојка како тебе во канцеларија како мојата?’ Јас ниту пушев цигари, ниту пиев алкохол, вегетаријанка сум, но во тој момент се соочив со поразителната прогноза дека и покрај здравиот животен стил, можеби нема да дочекам ниту 40-годишна возраст, а можеби нема да стигнам ни до 35.

Размислував, тоа беше отров кој минуваше низ моите нежни вени. Размислував и кога се виткав на подот во бањата, додека кожата ми се сушеше, а хемотерапијата ме исцрпуваше. Мислев на тоа кога се разбудив од двојната мастектомија, со страшни болки, додека бев приклучена на морфиум, но сепак чувствував како ми горат градите. Исто така, размислував и додека бев изложена на зрачења. Што направив? Со што заслужив да имам рак? Ако не е лошиот животен стил, што го немав, зарем се работеше за карма?

Почнав да составувам листа од причини поради кои животот ми враќа. Кога бев дете, фрлив камче кон момче по име Закари и за малку ќе му го погодев окото. Се смеев кога наставничката падна по скалите. Озборував со пријателите. Не рециклирав. Убивав инсекти и еднаш, признавам, украдов сјај за усни. Иако еден по еден, овие настани не се страшни, сметав дека сите заедно се доволно тешки за да може да ми се вратат како ваква болест.

Исповед на една млада жена: „Се чувствував како да заслужив да имам рак на дојка“

Потоа, кога бев млада, се однесував сексуално неодговорно, менувајќи партнери и од двата пола и истакнувајќи ја својата атрактивност. Се сеќавам дека ги истакнував своите гради и со работната униформа, а често и им дозволував на муштериите во ресторанот бакшишот да ми го ставаат во градникот. Бев млада и се обидував да заработам доволно за киријата во Лос Анџелес. Сфатив дека мојот изглед може да ми помогне да добијам сè што сакам, па затоа не се двоумев да ги истакнувам своите најубави делови, особено деколтето. Гледав многу филмови во тоа време и требаше да претпоставам дека лошите девојки, еден, ден, сепак ќе бидат казнети. Се сеќавате, дури и Саманта во `Сексот и градот` кажа дека добила рак на дојка поради нејзиниот животен стил на немажена жена без деца. Но, таа ја преживеа болеста.

Изминативе неколку месеци ги поминав во центарот за поддршка на болни од рак на дојка, гледајќи жени со изобличени тела, но кои се среќни што воопшто се живи. Велат дека веќе не чувствуваат исто сексуално задоволство, а нивното либидо ‘умрело’ поради многуте испиени лекови во процесот на лечење на болеста. Тие жени се вистински воини, храбри и силни. Тие одбиле да ја прифатат смртта и продолжуваат со животот. А јас? Јас се прашував, зарем од најдалечната историја, па до сега, не се најде поефикасен начин од тоа да се исече дел од телото на жената? Бев бесна што еден од моите главни адути во физичкиот изглед веќе не постои. Сè чинеше како овој важен дел од мене да бил третиран како ѓубре, како да сум ги користела градите цел живот погрешно.

Исповед на една млада жена: „Се чувствував како да заслужив да имам рак на дојка“

Во 19-тиот век, тогашните доктори верувале дека ракот на дојката е предизвикан од несоодветно женско однесување, односно од погрешно користење на репродуктивниот систем. Стигмата околу оваа болест постоела долго, пред медицината да докаже дека ракот на дојка нема врска со тоа што жената не родила и не доела. Сепак, таквото верување останало меѓу луѓето, а јас не можев да не се запрашам, дали истото ми се случи и мене?

Колку и да сте рационална личност, не можете да не помислите на вакви нешта, особено кога по цел ден собирате паднати прамени од вашата коса и ги фрлате во ѓубре или пак, кога од вашите сега исечени гради излегуваат цевки за дренажа. Размислуваш. Се извинуваш. Ветуваш дека ќе се промениш. Се прашуваш, дали можеби се разболев бидејќи мислев дека јас го поседувам ова тело? На онкологот му кажав дека жалам што пиев контрацепциски пилули и што имав навика за секс без обврски и секако, што никогаш не родив деца, иако бев сигурна дека не сакам. Тоа не е животот кој би го избрала, но ни ова не е телото во кое сакам да живеам.

Ми недостига мојата руса коса, до степен што сум љубоморна кога на улица ќе видам девојка со фризура која ме потсетува на мојата и сакам да ја киднапирам и да си ја пресадам нејзината коса на мојот скалп. Но, ова направи да се чувствувам како вештерка. Мојот онколог ми стана нешто како личен свештеник. Во текот на лечењето ми ги слушаше исповедите. По хемотерапијата, направивме генетско испитување и јас бев позитивна на генетската мутација БРЦА1, која особено постои кај Евреите, кои се мои предци. Оваа мутација ги зголемува шансите за рак на дојка за 70%. Тогаш знаев. Не бев јас виновна, ниту мојот животен стил. Мојот онколог само ми рече: ‘Можеш да се смириш. Ти си невина.’“

Дознајте и како терапијата против рак може да помогне кај ќелавоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар