Искрено признание на еден маж: Зошто е потребно да ѝ изградите споменик на жената што ви родила дете?

Искрено признание на еден маж: Зошто е потребно да ѝ изградите споменик на жената што ви родила дете?

Женското тело е неверојатно и тоа е докажано веќе многупати. Самиот факт што во него може да се развиваат дури и неколку бебиња е доволен показател дека тоа е магично. Подарувањето живот како еден благороден начин да се продолжи сопствениот вид е восхитувачко од многу аспекти. Еден маж којшто го набљудувал телото на својата жена за време на раѓањето на нивните деца, бременоста и сè што носи таа ја гледа со стравопочит и воодушевување.

Во продолжение прочитајте ја неговата искрена исповед која станала популарна ширум светот и многумина ја споделиле.

Седам на плажа далеку од сите скапи лимузини, празни разговори, аматерски церемонии и трошење пари. Праската, 150 денари кило (дел оди за споменатите церемонии и лимузини), се цеди по брадата и се лее по прстите. Уживам. Го гледам морето и неговото пространство. Тоа секогаш е тука како верен пријател, секогаш со добра волја. Погледнувам на лево низ ситниот песок, предвиден за излежување на различни луѓе и граѓани во ретките моменти на одмор. Го вртам погледот кон морето, а во кадарот како некој вид антилопа ми излегува една трудница. Прекрасна жена со бебе под срцето. Со широко лице, долга костенлива коса, големи очи, долги раце и нозе само малку отечени од водата којашто се задржува во тоа свето тело подготвено на свет да донесе нов живот. До колена во морето, а кај мене навистина предизвикува стравопочит. Бидејќи знам што ја очекува, бев на две породувања. Кога ќе ја дознае таа тајна и ќе види што сè може да поднесе женското тело, секој нормален маж ќе тргне во потрага по камен за да ѝ изгради споменик на жената што му родила дете. Велам, ако е малку нормален и продуховен. Бидејќи вие сè можете сами, но деца не можете да имате без жена. Манчестер и Барса се неверојатно важни. Некои млади ликови трчаат по топката, заработуваат милиони, а вие од тоа немате баш ништо, секако дека ова е многу важно. Кладилниците се многу важни. Финската хокејска лига, турскиот фудбал, индискиот крикет и сите останати животно важни активности се вистински терен за докажување. Нема ништо полесно од гледањето во која минута некој фудбалер ќе постигне гол, толку неверојатна интелигенција да се пробие глупавата топка преку линијата.

Ние мажите мораме во тоа да се вклучиме. Па, потоа војна. Ние сме тука, се покажало одамна. Посебно со немоќните баби коишто се бедни и поверувале дека нема да извршувате наредби на некој искомплексиран наредник со чинови заработени со малтретирање на потчинети војници. А, многумина можеле. Сè можеме да направиме, но за деца потребна ни е жена.

За продолжување на видот и чесно презиме ни треба жена. Баш како оваа жена што стои пред мене на плажата, убава, храбра, издржлива и несебична жена што е спремна да добие 20 килограми поради детето што го носи, да ја наруши нејзината хормонска рамнотежа, да се цеди на сите страни и да трпи болки, од своето тело да изнесе нов живот.

Раѓање. Ни првиот пат не можев да сфатам како се чувствува идната мајка кога ќе започнат контракциите. Знае дека ќе бидат сè појаки, знае дека нема назад, дека мора да оди докрај и дека болките засекогаш ќе ѝ останат запишани во свеста. Светицата знае дека ќе се поти, дека ќе ѝ тече млеко, дека раната после породување ќе ја боли, јасно ѝ е дека овој испит не може да се одложи за подоцна.

Се сеќавам на оној звук од мониторот кој регистрира контракции, ладните лица на сестрите коишто на секое доаѓаат да видат колку сантиметри е отворена жената. И да, се сеќавам дека често ме гледаа мене бидејќи од страв крвта престана да ми тече во вените. Го слушав својот глас како повремено ѝ кажуваше на уво дека сè ќе биде во ред, дека ќе имаме дете, дека секоја мака има смисла и дека ќе бидеме среќни. Како сето тоа во тие моменти на страшни болки ќе ѝ помогне.

Многу филмови се обидуваат да го доловат моментот кога малото сино тело излетува во рацете. Новото суштество кое доаѓа од вода, за првпат вдишува. И првпат гледа луѓе и неонско светло што му пробива во очите. Не можам да си замислам што би можело тоа мало суштество да си помисли: „Драг Боже, дали ова е крајна дестинација или идеме уште некаде? Те молам кажи дека е ова второто“. За среќа тоа мало злато не знае каде е родено и што сè ќе мора да помине во тој живот. Секако дека вербата е нешто лично и приватно, но ќе ви кажам само едно. Сигурен сум дека во тие моменти кога жената раѓа, кога сите во собата го чекаат првиот здив и плач, кога сите стравуваат дали ќе биде сè во ред, кога дури и мајката ќе престане да ја боли, сигурен сум дека Бог тогаш е најблиску. Тука покрај сестрата. Лежи покрај измачената трудница крај потеченото и крваво тело на драгата и бестрашна жена којашто тоа бебе до крајот на животот ќе ја вика мама. Би сакал да можев да го видам Бог како стои на плажата до оваа трудница со колената во вода и ја држи на дланката за да не се слизне. За заедно да го дочекаат денот кога таа нема да биде само жена. Денот кога ќе стане мајка. Драга „моја“ згода трудна жено, тебе и на малото суштество коешто го носиш ви посакувам здравје и среќа. А, таткото? Те молам човеку, немој повеќе да мислиш само на себе. Биди силен и немој никогаш да заборавиш да ја цениш и да ја љубиш мајката на своето дете. Важи?

Прочитајте ја и оваа болна исповед на жена која посвоила дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар