Искрени исповеди: Најлошите празнични подароци кои луѓето некогаш ги добиле

Искрени исповеди: Најлошите празнични подароци кои луѓето некогаш ги добиле

Иако купувањето подароци може да биде интересна и забавна активност, сепак, понекогаш тоа може да претставува тешкотија, токму затоа што не знаете што да им изберете на вашите сакани. Колку и да не ги исполните нивните очекувања, со ова барем ќе можете да се насмеете. Погледнете во продолжение изјави од луѓето кои примиле лоши подароци за празниците, па слободно и вие споделете ги вашите искуства ако сте поминале низ слична ситуација.

Искрени исповеди: Најлошите празнични подароци кои луѓето некогаш ги добиле

„Тоа беше блуза каде што пишуваше ‘Не сум гинеколог, но може да погледнам’. Ја добив од мајката на мојот очув. Таа знае дека сакам да бидам доктор, а нејзиниот англиски не е баш добар. Ми изгледаше смешно. Откако ѝ преведовме, таа речиси заплаче од срам. Гордо ја носев целиот ден.“

„Имав оставено некои видео игри во собата на мојата мајка, таа ги пронашла и претпоставила дека татко ми ги купил за мене, како божиќен подарок. Па, за Божиќ ги добив моите сопствени игри.“

„Добив картичка од мојата баба за продавница за долна облека. Најстрашниот дел не беше самиот подарок, туку фактот дека таа го натерала мојот кутар 19-годишен брат да оди и да ја купи. Како што вели тој, разговорот се одвивал некако вака: Продавачката: ‘Купуваш за девојка ти?’ Брат ми: ‘Не, за мојата сестра… па, мојата баба…’ Непријатна тишина…“

„Дрвен комплет за играње од мојата тетка – препорачливата возраст беше 2-4 години, а јас имав 14.“

„Не беше мој подарок, но беше многу непријатна ситуација. Пред неколку години на баба ми ѝ ги ампутираа нозете, а од тогаш, нејзиното здравје се подобруваше. Но, минатиот Божиќ тетка ми ѝ купи чорапи. Тоа беше многу непријатно.“

„Кога бев дете, баба ми повеќе ме сакаше мене отколку мојата помала сестра. Една година таа ми купи комплет Покемон, што беше моето омилено нешто тогаш. На мојата сестра ѝ купи топка играчка наменета за мачки.“

„Една година му имав споменато на чичко ми дека би сакал да имам брада како неговата. Кога дојде Божиќ тој ми го даде подарокот што го имаше за мене. Го одмотав и… таму во кесичка беше неговата брада.“

Искрени исповеди: Најлошите празнични подароци кои луѓето некогаш ги добиле

„Баба ми ми даде светло црвена долна облека со очи на нив и екстра црно парче за да го ставите вашиот пенис внатре, како нос. Јас сум девојче.“

„За еден Божиќ добив 18 пара чорапи. Имав речиси 12 години и се обидував да изгледам задоволно и да им се заблагодарам на моите родители, но како што го отворав секој пар, сѐ повеќе се вознемирував. Брат ми ги одмотуваше неговите играчки и видео игри. Јас се извинив, отидов до бањата и почнав да плачам. Мајка ми дојде и ме праша што се случува. Таа рече да престанам да плачам и да се вратам во дневната соба. Потоа, ми го даде вистинскиот подарок – лаптоп. Причината зошто сум добила чорапи била затоа што мајка ми сакала да имам нешто да одмотувам, затоа што брат ми имал многу евтини работи, а јас една голема. Се почувствував засрамено. Дефинитивно, среќен крај!“

„Добив книга со наслов ‘Соочување со посвојувањето’ додека бев во средно училиште. Тие новости беа за мене…“

„Чичко ми еднаш ми подари голем бетонски блок. Тој ставил случајни нешта и ми даде минијатурен чекан и длето. Јас делкав и пронајдов некои парички што изгледаа како стрела. Мојот чичко е чудната личност во фамилијата.“

„Сестра ми една година од мојата тетка доби кесичка со рендан кашкавал.“

„Кога имав 10 години,тетка ми ми купи подарок. Утрото на Божиќ го отворив и најдов божиќен џемпер заедно со долна облека на мојата тетка. Очигледно таа перела и мотала подароци во исто време, па ги помешала и двете.“

„Мојот братучед умре пијан во сообраќајна несреќа, па мајка ми ми подари уред за мерење алкохол во крвта. Немаше да биде толку лошо, но на картичката пишуваше дека е од мојот братучед… Знам што се обидуваше да направи таа, но тоа сѐ уште беше непријатно.

„Бев со сегашната девојка. Таа знаеше дека сум свесен за моите заби (имам флуороза), па не се смеам многу. Кога се смеам, се обидувам да ги сокријам забите. Па, семејството на мојата девојка ми купи четка за заби. На неа го имаше дури и моето име.“

Искрени исповеди: Најлошите празнични подароци кои луѓето некогаш ги добиле


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар