Искрени цитати што ќе ги разберат сите оние кои некогаш биле разочарани од нивните лажни пријатели
Предавството извршено од страна на пријател може да предизвика поголема болка од скршеното срце. Довербата е нешто што многу тешко се гради, но лесно се руши. Нема ништо потешко од тоа кога ќе дознаете дека пријателот кому сте му верувале со целото ваше срце, ви се претставувал лажно и не го ценел вашето пријателство. За жал, вистинските пријатели се голема реткост, па затоа многумина ја имаат почувствувано горчината на лажното пријателство. Доколку и вие сте имале такво негативно искуство и знаете како е да се изгуби долгогодишен пријател, сигурно ќе се пронајдете во следниве брутално искрени цитати…
„Тешко е да им се верува на луѓето кога човекот кому целосно сте му се отвориле е истиот човек кој подоцна ве изневерил.“
„Како што старееме, ние не ги губиме пријателите. Само дознаваме кои ни се вистинските пријатели.“
„Подобро е да имате непријател кој ќе ве удри во лице отколку пријател кој ќе ви забие нож во грбот.“
„Смешно е тоа што понекогаш луѓето за кои би примиле куршум се токму оние што го повлекуваат чкрапалото.“
„Кога ќе срушите нечија доверба, тоа е исто како да стуткате совршен лист хартија. Можете да го исправите, но никогаш нема да биде ист.“
„Љубовниците имаат право да ве изневерат, пријателите немаат.“
„Најтажниот факт за предавството е тоа што никогаш не се случува поради вашите непријатели.“
„Пријателите би требало да бидат тука за вас кога плачете, а не да бидат причината за вашите солзи.“
„Тешко е да се каже кој ви го чува грбот, а кој ви го чува доволно долго само за да ви забие нож во него.“
„Наградете ја лојалноста со лојалност, а нелојалноста со игнорирање.“
„Колку и да верувате некому, не ги земајте зборовите здраво за готово, бидејќи делата секогаш ја кажуваат вистината.“
„Најголемата болка во светот не е физичка, а не е ниту емоционална. Најголемата болка на светот може да ја предизвика само предавството на блискиот пријател.“
„Ако изневерите пријател, набрзо ќе сфатите дека сте се уништиле себеси.“
„Некои луѓе не ви се лојални вам… Тие се лојални на нивните потреби од вас. Кога ќе се сменат нивните потреби, ќе се промени и нивната лојалност.“
„Простете си себеси за наивноста што им дозволува на другите да ве изневерат. Понекогаш доброто срце не може да го види злото.“
„Престанете да препливувате океани за луѓето кои не би прескокнале ни вирче за вас.“
„Искрениот непријател е секогаш подобар од пријател кој лаже. Обрнувајте помалку внимание на она што луѓето го кажуваат и обрнувајте повеќе внимание на тоа што го прават. Нивните дела ќе ви ја покажат вистината.“
„Чувајте се од човекот кој ќе ви забие нож во грбот, а потоа ќе му каже на целиот свет дека тој крвари.“
„Не можете да изгубите пријател. Можете само да дознаете дека некој човек никогаш не ви ни бил пријател.“
„Нема ништо потажно од тоа кога ќе наречете некого свој најдобар пријател, наместо да го наречете уште еден лажен пријател.“
Луѓето кои имаат вистински пријатели се големи среќници! Прочитајте ги следниве 12 цитати кои ја доловуваат суштината на вистинското пријателство.