Исцелувачката моќ на женските здолништа: Зошто е важно жените да носат сукњи и фустани?

Исцелувачката моќ на женските здолништа: Зошто е важно жените да носат сукњи и фустани?

Здолништата отсекогаш се сметале за главен атрибут на женственоста, а причината за тоа не е само во убавината на изгледот на жената кога ги носи. Стручњаците во областа на енергетската практика веруваат дека кога жената носи сукња или фустан, таа акумулира непресушна енергија на женственост. Затоа здолништата имаат свето значење за секоја претставничка на понежниот пол.

Исцелувачката моќ на женските здолништа: Зошто е важно жените да носат сукњи и фустани?

Во старите времиња, жените носеле исклучиво сукњи и фустани и оваа мода била присутна кај сите народи. На пример, за словенските жени, основна облека бил сарафанот, индиските жени носеле долго и широко сари, а јапонските дами ја изразувале женственоста во кимоно. Според ова, облеката кај сите жени не претпоставувала носење панталони.

​Порано, сите луѓе суптилно ја чувствувале својата врска со силата на природата. На сите им било познато дека жените се разликуваат од мажите, и тоа не само во поглед на физичките карактеристики. За припадниците на двата пола е својствена и различна енергија. За мажите се сметало дека ја црпат енергијата од вселената, а жените главно од Земјата.

При споменување на поимите љубов, чувствителност, грижа, милосрдие, нежност, веднаш се асоцираме со жената. Па, и ако ги погледнеме жените од половината надолу, таквата определба би била оправдана. Дизајнот на сукњите е таков што ги обликува проширувањата на телото и притоа формира конус. Таквиот модел не е измислен случајно.

Се верувало дека таквиот дизајн им помага на жените подобро да ја апсорбираат енергијата и моќта од земјата и да станат поплодни и материјално побогати. Енергијата на жените во физичка смисла се акумулира во матката. Мажите го немаат тој орган, па во енергетска смисла, за да би можеле да ја добијат енергијата од земјата, мора да ја црпат од жената.

Кога жената ќе облече панталони, таа ја прекинува својата врска со земјата. Протокот на енергијата се стопира, а женскиот свет орган, матката, останува празен. Како резултат на тоа, се верува дека жената нема што да сподели со мажот.

Женската енергија е важна за мажите. Таа ги прави поспокојни, поурамнотежени и постабилни. Ако еден маж има пристап до енергијата на жената, тој секогаш ќе се занимава со креативна работа. Кога мажот пак, е лишен од женската наклоност и љубов, тој постанува агресивен, груб и суров.

Има многу жени кои воопшто не носат здолништа. Практикуваат само пантолони и фармерки. Од енергетска гледна точка, жената така го негува и јакне својот дух на несвојствен начин, односно на машки. Како резултат на тоа, жената е во интеракција со мажите како да е по природа и самата машко. На површина, ова избива како суптилно нарушување во размената на енергиите. Ова може да се одрази и на физички план во облик на разни болести, недоразбирања и кавги во односите.

Жените кои го оправдуваат носењето пантолони може да речат дека таквата облека им е позгодна, дека е стилизирана, практична и модерна. Секако, на жените кои работат помашка работа што вклучува подигнување тешки предмети, динамични движења и слично, им е многу поедноставно да работат во фармерки. Споредбено со пантолоните, во таков случај здолништата делуваат како природна кочница. Но, вистинската жена не размислува дали треба да работи тешка работа, да носи товар или да брза некаде. Таа ќе им го препушти ова на мажите, кои како вистински витези не би требало да ја избегнат помошта.

Секојдневното носење убави сукњи и фустани може да ѝ го подобри расположението на секоја жена. Кога носи здолништа, во жената почнува да се буди огромна и многу позната енергија. Секако, и погледите на мажите повеќе ќе се фокусираат на жена во здолниште отколку на жена која избрала да носи панталони.

Дури и кога се супермодерни, пантолоните треба да се носат само во исклучителни прилики.

Должината и обликот на сукњите исто така имаат значење. Во минатото се верувало дека сукњата или фустанот мораат да бидат максимално долги, односно до земја. Така ѝ било полесно на жената да ја зема и да ја чува енергијата од земјата. Ако здолништето има широки рабови кои се лелеат при движење, почнуваат да се активираат торзионите полиња кои ја јакнат енергијата што доаѓа од Земјата. Работ на здолништето одамна се сметал за амајлија во некои кругови. Таквата амајлија е дизајнирана да создава заштита за сексуалниот центар на жената. Здравјето на репродуктивните органи на жената и нивното правилно функционирање директно зависат од правилното работење на тој центар.

Сликата на жена во долго здолниште потсеќа на нежност, невиност и чистота. Долгата сукња пак, ја спасува жената од страсни погледи. А ова е многу важно. Таквите погледи можат да го пробијат нејзиниот енергетски центар.

Ако тоа се случи, тогаш жената едноставно ја губи својата сексуална енергија. Заедно со неа си оди и животната сила и женствената привлечност. Како резултат на тоа се случува енергетско осиромашување на жената. Таа веќе не може да му даде енергија на својот маж, па затоа тој го губи интересот за неа.

Денес многу жени се прашуваат каде се изгубија вистинските мажи. Но, размислете само, од каде би се појавиле тие, ако и жените престанале да бидат она што би требало во вистинското значење на поимот?

Жените намерно се откажуваат од својата женственост, носат панталони и друг вид машка облека. За среќа, модата во последните години е таква што на жените им дава шанса да ѝ се вратат на исконската женствена облека и на тој начин да се хранат со силата на земјата и да го маѓепсуваат својот маж со својата женственост. Па, од денес носете повеќе здолништа и почнете да се чувствувате како вистинска жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар