Иронични цитати за сите луѓе кои ги мразат инспиративните цитати

Иронични цитати за сите луѓе кои ги мразат инспиративните цитати

Интернетот е секојдневно преплавен со инспиративни цитати и мотивациони говори кои би требало да ни го подигнат расположението и да ни ја зголемат самодовербата. Меѓутоа, понекогаш се претерува со овој лажен оптимизам, па сосема разбирливо е тоа што постојат толку многу скептици кои ги мразат инспиративните цитати. Доколку и вие сте едни од нив, тогаш сигурно ќе се пронајдете во следниве иронични и крајно неинспиративни цитати…

Иронични цитати за сите луѓе кои ги мразат инспиративните цитати

„Најдобрите нешта во животот се всушност навистина многу скапи.“

„Сѐ е за никаде и сите се глупави.“

„Немојте да ги мразите луѓето поради тоа како изгледаат однадвор. Мразете ги поради тоа колкави кретени се однатре.“

„Јадете како да нема кој да ве види голи.“

„Бидете тоа што сте. И онака никој друг не сака да биде како вас.“

„Ако не успеете по првиот обид, веројатно никогаш нема да успеете.“

„Уживајте во убавите моменти, бидејќи сигурно ќе се случи нешто ужасно во брзо време.“

„Вежбањето е одличен начин за да изгледате привлечно додека полека се приближувате кон смртта.“

„Ако се мразите себеси, запаметете дека не сте сами. Има и други луѓе кои ве мразат.“

„Единствениот начин да ја спасите планетата Земја е да престанете да создавате нови луѓе.“

„Ако продолжите да ги следите вашите соништа, тие ќе побараат забрана за приближување.“

„Вистинска љубов е кога двајца луѓе си ги спуштаат критериумите на исто ниво.“

„Луѓето се супер, сѐ додека не ги запознаете.“

„Ако напишете инспиративен цитат во описот на вашето селфи, никој нема да ја забележи вашата нарцисоидност.“ – Ганди

Доколку ви се допаднаа изреките со доза иронија во нив, прочитајте ги и овие урнебесно смешни цитати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар